Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Мојот сопруг работи како порно актер – како ни изгледа бракот?“

„Првиот пат кога го видов Роб на Инстаграм го осудував поради тоа што е порно ѕвезда. Го видов неговиот профил и сметав дека не сум заинтересирана за него, затоа што знаев дека бил со многу, многу девојки и не сакав да бидам дел од тоа сценарио...“

mojot-soprug-raboti-kako-porno-akter-kako-ni-izgleda-brakot-01.jpg

Кејти Бамптон (29) од Австралија неодамна стапила во брак со Роби Бамптон, кој работи како порно актер и секс експерт, а уметничко име му е Роб Оз.

mojot-soprug-raboti-kako-porno-akter-kako-ni-izgleda-brakot-05.jpg

Кејти е фитнес тренер и вели дека на моменти заборава дека е во брак со порно актер.

Таа открива дека нејзиниот сопруг има закажано по две снимања секоја седмица и речиси секојпат снима со различни партнерки.

mojot-soprug-raboti-kako-porno-akter-kako-ni-izgleda-brakot-04.jpg

„Првиот пат кога го видов Роб на Инстаграм го осудував поради тоа што е порно ѕвезда. Го видов неговиот профил и сметав дека не сум заинтересирана за него, затоа што знаев дека бил со многу, многу девојки и не сакав да бидам дел од тоа сценарио.

Исто така, ми беше страв како општеството ќе гледа на нас и дека ќе нè осудува.

Но, кога се сретнав со него и го запознав, мојата перцепција се промени. Нормално, ми беше потребно време за да дискутираме за границите во нашата врска, но Роб беше поискрен кон мене отколку моите претходни партнери.“

Таа сега ја прифаќа професијата на сопругот, а пак Роб вели: „Сексот кој го имам на работа и сексот кој го имам дома се комплетно различни“.

Кејти додава дека луѓето имаат погрешна перцепција за нив дека 24/7 имаат секс и дека реалноста е сосема поинаква, а типичен ден во нивниот живот вклучува вежбање, готвење, јадење и снимање видеа за на Тик Ток.

mojot-soprug-raboti-kako-porno-akter-kako-ni-izgleda-brakot-03.jpg

Исто така, секоја седмица си посветуваат ден само за нив, каде се исклучуваат од сите социјални мрежи и си се посветуваат само еден на друг. Разговараат за нивните мисли, емоции и искуства.

„Роб е мојот камен темелник и нашата врска е најубавото и најсигурно место за мене, тој прави да се чувствувам така“, вели Кејти.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
6 работи кои ве кочат во животот (и кои треба да ги промените) Екстремно сте самокритични и со своите отровни стрелички си ја разјадувате самод...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
9 работи од кои жените се згрозуваат кога ќе влезат во стан на некој маж Обвивки од искористени кондоми. Фрижидер преполн со алкохол, без воопшто храна в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg