„Изгубен сум откако сопругата ме напушти“ - луѓе ја споделуваат најголемата болка во животот
„Болката од неуспешните обиди за забременување на сопругата – со години истото разочарување од негативните тестови.“ – Што ве мачи вас најмногу во животот?
Од неплодност до фрустрација од работното место, луѓе на Reddit искрено откриваат што им причинува најголема болка во животот.
Дел од нивните исповеди:
Залудното надевање дека ситуацијата на моето работно место ќе се подобри.
Одењето на состаноци и ужасните средби со површни мажи, во потрага по вистинскиот.
Обидите да ми успеат цвеќињата во домот.
Болката од неуспешните обиди за забременување на сопругата – со години истото разочарување од негативните тестови.
Обидите да се одржи контактот во едностраните пријателства (секогаш јас се јавувам и иницирам средби).
Немањето доверба во луѓето (затоа што некогаш бев повредена).
Неуспешните обиди да им објаснам на луѓето дека и животните имаат душа и не треба да бидат искористувани за задоволство на човекот.
Ужасниот однос со татко ми, кој трае уште од детството.
Изгубеноста откако ме остави сопругата.
Животот општо – корона, војна, криза.
Проблемот со самодовербата, кој не успеав да го решам повеќе од 20 години.
Неуспешните обиди да стекнам нови пријателства во 40-тите години од животот.
Борбата да бидам добар родител, додека се справувам со психички проблеми.
Залудната потрага по доброплатено работно место, на кое ќе бидам почитуван.
Неуспешните обиди да направам саканите личности да се гордеат со мене.
Секојдневната борба да не ја презирам мојата мајкa.
Старите брачни проблеми, кои никако да ги решам, веќе неколку децении.
С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com