Работи за кои не е препорачливо да давате пари, дури и ако се многу евтини

Наместо да давате пари за неквалитетни копии од брендирана облека, купете нешто со подобар квалитет што нема да изгледа „евтино“.

raboti-za-koi-ne-e-preporachlivo-da-davate-pari-duri-i-ako-se-mnogu-evtini-01.jpg

Сакајќи да заштедиме, некогаш купуваме некои работи без многу размислување, за на крај да сфатиме дека само сме ги фрлиле парите.

Некогаш, пак, мислиме дека некои работи се попрактични, за по некое време повторно да сфатиме дека сме направиле грешка.

Погледнете за кои работи не е препорачливо да давате пари, дури и кога се многу евтини:

Кауч наместо квалитетен кревет во спалната соба

Каучите се одлични кога ќе ви дојдат гости кои треба да преспијат кај вас, но овие кревети не се најпогодни за постојано да спиете на нив.

Тие не можат да го заменат квалитетниот душек и кога-тогаш сигурно ќе ви се појават проблеми како болки во грбот.

Па, кога купувате кревет за спалната соба, купете кревет за спиење, а не кауч.

raboti-za-koi-ne-e-preporachlivo-da-davate-pari-duri-i-ako-se-mnogu-evtini-02.jpg

Шампони „2 во 1“ кои наводно содржат и регенератор

Регенераторот и шампонот се сосема различни продукти за коса и најдобро е да ги купувате одвоено ако сакате да ги почувствувате придобивките.

Шампоните „2 во 1“ не можат да заменат и шампон и регенератор, па купувајте ги само во одредени случаи – на пример, ако одите на патување и немате многу место, заштедете простор со ваков шампон.

raboti-za-koi-ne-e-preporachlivo-da-davate-pari-duri-i-ako-se-mnogu-evtini-03.jpg

Евтини, неквалитетни хулахопки

Бидејќи хулахопките се парче облека кое се кине многу лесно, нормално е да не сакате да давате многу пари за нив.

Сепак, избегнувајте ги оние најевтините кои се практично неупотребливи по едно носење и кои можат да се скинат уште при првото облекување. Ова значи дека на крај, сепак ќе дадете повеќе пари за хулахопки.

Денес лесно можете да најдете хулахопки по прифатлива цена кои ќе ви траат подолго и нема да ја изгубат формата по едно носење. 

raboti-za-koi-ne-e-preporachlivo-da-davate-pari-duri-i-ako-se-mnogu-evtini-04.jpg

Евтин маникир

Кога станува збор за салон за маникир, немојте да одите во најевтиниот, освен ако не сте сигурни дека вработените навистина работат добро.

Подобро платете некој денар повеќе или сами лакирајте ги ноктите отколку да завршите со маникир кој изгледа ужасно и ќе треба да го преправате.

raboti-za-koi-ne-e-preporachlivo-da-davate-pari-duri-i-ako-se-mnogu-evtini-05.jpg

Лажно брендирани парчиња облека, накит и чанти

Зошто наместо да купите неквалитетна чанта со лажно лого од познат бренд, не ја потрошите истата сума за поквалитетна чанта без тоа лого?

Копиите на познатите брендови неретко изгледаат „евтино“ и не се квалитетни, а за истата цена ќе можете да најдете многу подобри парчиња.

Сепак, кога станува збор за облека, логото на брендот е најмалку важно.

raboti-za-koi-ne-e-preporachlivo-da-davate-pari-duri-i-ako-se-mnogu-evtini-06.jpg

Козметика и шминки од „сомнителен“ бренд

Кремовите за лице, пудрите, сенките за очи и слично се работи што ги ставате на вашата кожа. Па, немојте да купувате од „сомнителни“ брендови и места.

Не значи дека најскапите продукти за нега и шминка се и најдобри, но кога станува збор за вашето лице, некогаш е подобро да вложите во поквалитетни продукти отколку да си создадете проблеми со кожата.

raboti-za-koi-ne-e-preporachlivo-da-davate-pari-duri-i-ako-se-mnogu-evtini-07.jpg

Долна облека од неквалитетен материјал

Не мора да купувате брендирана долна облека, но мора да обрнете внимание на некои работи.

Кога купувате градник, не го одбирајте најевтиниот, туку најдете модел што ќе ви ја даде потребната поддршка, особено ако имате поголеми гради.

Неквалитетните градници не само што имаат краток рок, туку можат да бидат и причина за болки во грбот.

Исто важен е и материјалот од кој е направена долната облека – најдобро е да им давате предност на природните материјали кои ѝ дозволуваат на кожата „да дише“.

raboti-za-koi-ne-e-preporachlivo-da-davate-pari-duri-i-ako-se-mnogu-evtini-08.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
Погрешно vs. правилно: Инфлуенсерка открива трикови за позирање за совршени Инстаграм фотки Наместо да застанете свртени со грб кон камерата и да се завртите благо наназад,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg