„Некогаш ги држиме за рака на аеродром“ – организатори на патувања за богаташи споделуваат чудни детали од нивната работа

Некои богаташи трошат 600.000 долари, па и повеќе за едно патување, бараат затворање на познати знаменитости за приватни тури, а некогаш бараат и емотивна поддршка, како држење за рака на аеродром - откриваат организатори на патувања за богати луѓе.

„Nekogash gi drzhime za raka na aerodrom“ – organizatori na patuvanja za bogatashi spodeluvaat chudni detali od nivnata rabota-01.jpg

Богатите луѓе најмуваат помош за многу работи, вклучувајќи и организатори за нивните патувања.

А, нивните патувања изгледаат многу поразлично од вообичаените – ги посетуваат најатрактивните дестинации, отседнуваат во најдобрите хотели, јадат во најскапите ресторани и доста често патуваат со приватни авиони.

Денес постојат луѓе чија специјализација е организирање патувања за славните и богатите личности, а за Insider, неколку од нив решиле да ги споделат најчудните работи што ги сретнуваат на работното место.

Во продолжение нивните искуства:

Парите никогаш не се проблем

Грег Антонел организира патувања во Дизниленд за професионални спортисти, актери и членови на кралски семејства.

Таа вели дека без разлика што го работи ова веќе 11 години, уште не може да се начуди на фактот дека овие луѓе никогаш немаат проблеми со пари.

Богатите плаќаат и по 850 долари од час за ВИП тура низ забавните паркови на Дизни, а отседнуваат во хотели каде што една ноќ чини 5.000 долари. Генерално, за една неколкудневна посета на Дизниленд, тие трошат од 15.000 до 100.000 долари.

За Грег најчудно е тоа што богатите без размислување ја прифаќаат понудата што ќе ја добијат, без разлика колку чини.

„Нема никакво двоумење. Само ќе ми речат ’Во ред‘. Тие навистина сакаат да добијат сè што ќе им го направи патувањето незаборавно“.

drzhenje-za-raka-zatvoranje-na-tadzh-mahal-za-privatna-tura-organizatori-na-patuvanja-za-bogatashi-spodeluvaat-chudni-detali-od-nivnata-rabota-02.jpg

Не сите богати и славни сакаат да отседнуваат во најдобрите хотели

Кога станува збор за посета на Дизниленд, Грег открива дека на многу богати личности им е поважно искуството во паркот, отколку хотелот во кој ќе отседнуваат.

Па така, додека се подготвени да платат илјадници долари за приватни тури низ паркот, сместувањето не им е многу важно и за тоа не трошат многу пари.

„Многупати сме закажувале за клиенти за кои сме мислеле дека ќе го сакаат најдоброто и ќе потрошат огромни суми, но не било така“.

drzhenje-za-raka-zatvoranje-na-tadzh-mahal-za-privatna-tura-organizatori-na-patuvanja-za-bogatashi-spodeluvaat-chudni-detali-od-nivnata-rabota-03.jpg

Бизарните барања се неизбежни

Џејсон Кувилион работи како организатор на патувања за познати музичари и актери и вели дека во просек, неговите клиенти трошат по 20.000 долари за едно патување. 

Сепак, оваа сума варира – на пример, неодамна организирал патување за семејство кое чинело неверојатни 600.000 долари.

А, кога плаќаат толку многу пари, ѕвездите и богаташите сакаат и посебен третман.

Добро познат факт е дека Мараја Кери е дива кога оди на турнеи, па секогаш сакала посебен шампањ со посебни сламки. Бритни Спирс, пак, сакала врамена фотографија од принцезата Дијана, а Ријана еднаш побарала огромно килимче од крзно.

Џејсон вели дека овие бизарни барања се неизбежен дел од работата и досега има исполнето многу. Тој се соочил со гости кои сакале точно одредена температура во собата, гости кои сакале фрижидер полн со одреден бренд вода, свеќи од одреден бренд, па дури и барале одредено количество сончева светлина во собата.

Сепак, Џејсон вели дека неретко богаташите имаат друга причина за овие бизарни барања:

„Има луѓе кои само наведуваат чудни барања, не затоа што ги сакаат тие работи, туку за да се осигурат дека сме ја прочитале целата листа што ни ја испратиле“.

drzhenje-za-raka-zatvoranje-na-tadzh-mahal-za-privatna-tura-organizatori-na-patuvanja-za-bogatashi-spodeluvaat-chudni-detali-od-nivnata-rabota-04.jpg

Некои луѓе бараат да ги држат за рака

Џејсон вели дека повеќето негови клиенти се учтиви луѓе, но не се навикнати на „секојдневни работи“.

Имено, за нив е сосема непозната ситуација да останат заглавени на аеродром откако го испуштиле летот или бил откажан, па морале да им нудат емотивна поддршка и да ги држат за рака.

„Некогаш изгледа дека најтешкото нешто за нив е сами да отидат од еден до друг терминал на аеродромот“, вели Џејсон.

drzhenje-za-raka-zatvoranje-na-tadzh-mahal-za-privatna-tura-organizatori-na-patuvanja-za-bogatashi-spodeluvaat-chudni-detali-od-nivnata-rabota-05.jpg

Некогаш се раѓаат долги пријателства

Кетрин Хелд и Мег Шепро работат за луксузна агенција која организира патувања за многу богати личности. За нив, најголемо изненадување во работата биле пријателствата што се склучуваат.

Кетрин вели дека неретко организира патувања за артисти, политичари и членови на кралски семејства кои трошат и до половина милион долари, а повеќето од нив се приземјени личности, па лесно се спријателувале со нив, но и со локални туристички водичи.

„Ќе организираме тура низ Анкгор Ват за некого заедно со локален археолог, па клиентот и археологот ќе останат во контакт со години“.

Многу од богатите клиенти настојуваат да се спријателат и со луѓето како Кетрин и Мег ако соработувале неколкупати.

„Тие знаат по нешто за нашите животи и ние знаме за нивните животи, па тоа е нормално“, вели Мег.

drzhenje-za-raka-zatvoranje-na-tadzh-mahal-za-privatna-tura-organizatori-na-patuvanja-za-bogatashi-spodeluvaat-chudni-detali-od-nivnata-rabota-06.jpg

Ништо не може да ги изненади оние кои работат долго во туристичката индустрија

Жаклин Сиена исто така работи за луксузна агенција, а нејзините клиенти „тежат“ повеќе од 500 милини долари.

Поради долгогодишното искуство, таа вели дека денес ништо не ја изненадува.

Досега Жаклин го затворила Таџ Махал во Индија за еден клиент, а истото го направила и за Колосеумот во Рим, само затоа што сакале приватни тури.

Еднаш морала и да најде влезници за Superbowl само еден ден пред настанот и некако успеала во тоа.

„Ништо не ме изненадува бидејќи веќе сè ми изгледа нормално. Ние од луксузните агенции навистина можеме да направиме сè и на крај сето зависи од сумата што е подготвен да ја плати клиентот“.

drzhenje-za-raka-zatvoranje-na-tadzh-mahal-za-privatna-tura-organizatori-na-patuvanja-za-bogatashi-spodeluvaat-chudni-detali-od-nivnata-rabota-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg