Стив Џобс одбивал да се грижи за најстарото дете – што прават и како изгледаат децата на најпознатите милијардери?
Двете деца на Илон Маск привлекоа многу внимание со нивните имиња – синот X Æ A-Xii и ќерката Exa Dark Sideræl – но знаевте ли дека милијардерот има уште пет други деца?
Најпознатите милијардери во светот имаат по неколку деца и повеќето многу добро ја кријат нивната приватност. Очекувано, дел од децата на милијардерите учеле во престижни училишта и сега работат во компаниите на нивните родители, но некои од нив решиле да си изградат и само своја кариера.
Кои се и што прават децата на најпознатите милијардери во светот?
Стив Џобс
Најмладото дете на основачот на Apple – Стив Џобс – е 23-годишната Ив Џобс. Неодамна таа дипломираше на Универзитетот Стенфорд, а работи како модел.
Стив има уште една ќерка – 25-годишната Ерин Сиена. Младата девојка се држи понастрана од јавноста и ретко споделува детали за нејзиниот живот, но познато е дека е многу добар архитект и дизајнер.
30-годишниот Рид Џобс е единствениот син на Стив. И тој има завршен на Универзитетот Стенфорд, а по смртта на неговиот татко се посвети на медицински истражувања.
Наводно, Рид почнал да го истражува ракот бидејќи татко му почина од оваа болест.
Најстарото дете на Стив Џобс е 43-годишната Лиса Брендан. По нејзиното раѓање, Стив Џобс неколку години одбивал да се грижи за неа бидејќи не бил во брак со мајка ѝ. Сепак, подоцна си го променил мислењето.
Лиса има работено како новинар, а денес е и познат автор.
Бил Гејтс
Џенифер Гејтс е најстарото дете на Бил и Мелинда Гејтс. Исто како ќерката на Стив Џобс, и таа има завршено на Универзитетот Стенфорд, а моментално учи во приватно медицинско училиште во Њујорк.
Од 2021 година, таа е во брак со Најел Насар.
Најмладото дете на Бил и Мелинда Гејтс се вика Фиби. Младата девојка има 19 години и моментално учи на Универзитетот Стенфорд.
22-годишниот Рори Џон е единствениот син на Бил и Мелинда. Младото момче има диплома за компјутерски науки и економија од Duke University и се држи понастрана од јавноста.
Марк Закерберг
Коосновачот на Фејсбук и неговата сопруга имаат две ќерки – 6-годишната Максима (или Макс) и 4-годишната Огаст.
За разлика од повеќето милијардери, Марк и сопругата редовно споделуваат фотки од нивните деца.