9 психолошки трикови кои ги користат келнерите
Кога одите во ресторан, обично сте добро расположени и подготвени да поминете квалитетно време со пријателите или семејството. Но, каков план имаат келнерите?
Оние поискусните се добро обучени да изнудат што поголема нарачка, што повеќе пијалаци, односно што поголема сметка и бакшиш.
Како го прават тоа?
1. Ставаат две цевки во пијалакот
Луѓето побрзо го пијат пијалакот со две цевки и шансите да нарачаат уште еден се поголеми, отколку ако го послужат само со една.
2. Ја повторуваат нарачката која штотуку ја кажавте
Ова не го прават за да не заборават нешто, туку за да ви остават до знаење дека добро си ја вршат работата. Ако точно ја издиктираат нарачката во целост, многу поголеми се шансите да оставите бакшиш за „добро сработена“ работа.
3. Отстрануваат парче торта
Целата торта која изгледа недопрено не е толку примамлива како тортата на која ѝ недостасува парче и се гледаат сите филови во внатрешноста. Исто така, тоа остава впечаток дека десертот брзо се троши, што значи е вкусен.
4. Разговара со дечињата на масата
Добриот однос со најмалите може да им донесе поголем бакшиш, но и дополнување на нарачката, ако дечињата „запнат“ дека сакаат нешто од менито. Родителите многу поретко ги одбиваат барањата пред келнерот, отколку на само.
5. Го отвараат менито на најскапите оброци
Ексклузивитетот треба да се покаже и тоа што не сте виделе и пробале досега има шанси да ве примами да се чувствувате разгалено. Односно, тоа значи поголем бакшиш.
6. Се покажуваат најскапите специјалитети
Келнерите знаат да го „заобиколат“ половина ресторан ако во рацете носат скап и вкусен специјалитет кој сакаат гостите да го видат и да го нарачаат „тоа што му го носевте на човекот на онаа маса.“
7. Ја оставаат картичката да ѕирка
Кога плаќате со картичка, келнерите знаат картичката да ја остават да ѕирка надвор од папката, како не би ја зборавиле во неа. Ова е само најдобронамерен трик кој им скратува нерви и време.
8. Пијалаците ги служат експресно
За да не се разлутат гостите кои треба да почекаат храна или мени за оброк, келнерите имаат правило да ве прашаат за пијалак во првите 60 секунди откако ќе седнете на масата и да ви го донесат побрзо. На тој начин, немате чувство дека келнерите „не ве гледаат.“
9. Не се облекуваат гламурозно и скапо
Едноставните маички или кошули и фармерки се избор на многу ресторани, како келнерите би изгледале едноставно, скромно и би делувале како да „зависат од бакшишот кој ќе им го оставите.“
М. Д. | Црнобело