Лажни фотографии и видеа кои се ширеа онлајн, во кои поверуваа речиси сите

Над 13 милиони корисници го прегледале видеото на кое се гледа сирена која скока во океанот мислејќи дека е вистинско. Во реалноста, видеото е инсерт од сатиричен документарец и сирената е само компјутерска анимација.

video-od-sirena-zhelki-koi-trchaat-brzo-ponovi-lazhni-fotografii-i-videa-vo-koi-poveruvaa-skoro-site-01.jpg

Сите знаеме колку е лесно да се рашират лажни вести, фотки и видеа на социјалните мрежи. Дури и работите што изгледаат најневеројатно и најнереално можат да измамат илјадници луѓе и да ги натераат дека гледаат во нешто вистинито.

Во продолжение неколку понови лажни фотки и видеа во кои поверуваа сите:

Шоу со дронови на Денот на мртвите во Мексико Сити

Колку спектакуларно и да изгледа шоуто со дронови на фотографијата, за жал е лажно.

Фотографијата беше споделена на 1-ви ноември 2021 година на Твитер и има над половина милион допаѓања.

video-od-sirena-zhelki-koi-trchaat-brzo-ponovi-lazhni-fotografii-i-videa-vo-koi-poveruvaa-skoro-site-05.jpg

Според оние кои ја воочија лагата, најочигледниот знак дека станува збор за Фотошоп е тоа што градот на фотографијата не е ни во Мексико, туку во Јапонија. Во позадина се гледа и планината Фуџи.

video-od-sirena-zhelki-koi-trchaat-brzo-ponovi-lazhni-fotografii-i-videa-vo-koi-poveruvaa-skoro-site-06.jpg

Видео со нереално брзи желки

Уште една лага што се прослави благодарение на Твитер.

Видеото на кое се гледаат нереално брзи желки беше споделено на 1-ви септември минатата година, со опис: „Ова ми го разубави денот!“

Иако кога ќе се загледате убаво станува јасно дека желките се анимирани, видеото сепак измами многу луѓе.

https://twitter.com/MiHeroeSinCapa/status/1432909827039170560

Облак во форма на срце

Во јуни 2020 година, фотографот и експерт за фото-манипулации познат како Phantamos сподели фотографија од зајдисонце на која се гледа облак во форма на срце.

Иако фотографот е познат по надреалните пејзажи што ги прави на Фотошоп и слични алатки, баш оваа фотографија некако се најде на Фејсбук и на други социјални мрежи, а јавноста беше убедена дека е вистинска.

Подоцна и самиот фотограф се огласи изјавувајќи дека станува збор за Фотошоп.

video-od-sirena-zhelki-koi-trchaat-brzo-ponovi-lazhni-fotografii-i-videa-vo-koi-poveruvaa-skoro-site-03.jpg

Видео од сирена

На ТикТок видео објавено во април 2021 година се гледа некакво суштество кое седи на карпа среде океан, а потоа скока во водата.

Описот на видеото гласи: „Сирена сфаќа дека ја снимаат. Луѓето ќе речат дека ова е фока“.

Досега видеото е прегледано 13 милиони пати и колку и да изгледа веродостојно, сепак станува збор за лага.

@angelkreme another older mermaid vid #mermaid #marinekingdom #woke #mythical ♬ original sound - angel

Видеото е всушност инсерт од сатиричен документарец насловен Mermaids: The Body Found, кој првпат се емитуваше на Animal Planet и Discovery Channel во 2012 година.

Овој филм ги исмева документарците кои се обидуваат да „продадат“ теории на заговор со двосмислени изјави од „научници“ и недокажани факти.

Во филмот се појавуваат актери кои глумат сирени, а дел од нив се и компјутерска анимација.

Видео од камелеон што инстантно си ги менува боите

На неколку социјални мрежи се појави видео на кое се гледа камелеон кој речиси инстантно си ја менува бојата.

Видеото оригинално беше објавено на Инстаграм профилот Pardalischamereon, а во коментарите личноста која го води профилот појасни дека станува збор за видео-манипулација.

Планина во форма на жена

Во јули 2020 година, Фејсбук корисник сподели фотографија направена од птичја перспектива на која се гледа планина која премногу личи на заспана жена.

„Планината Заспана жена, на 53 километри од Енкориџ, Алјаска“, стои во описот на објавата.

Додека многумина наседнаа на лагата на Фејсбук корисникот и фотографијата собра над 40.000 реакции, многу од корисниците во коментарите посочија дека фотографијата не е вистинска.

Фотографијата што ја споделил корисникот е всушност дело на дигиталниот артист Жан-Мишел Биорел и е објавена на неговиот веб-сајт.

video-od-sirena-zhelki-koi-trchaat-brzo-ponovi-lazhni-fotografii-i-videa-vo-koi-poveruvaa-skoro-site-04.jpg

Стотици фламинга во каналите на Венеција

Оваа волшебна фотографија се прослави на Фејсбук и беше објавена во април 2020 година. Во описот, корисникот што ја објавил вели дека тоа е Венеција за време на карантинот.

Фотографијата е споделена над 19.000 пати од други корисници кои најверојатно не сфатиле дека е лажна.

Фотографијата е дело на Кристина, фотографка од Москва која е позната по надреалните фото-манипулации како оваа.

video-od-sirena-zhelki-koi-trchaat-brzo-ponovi-lazhni-fotografii-i-videa-vo-koi-poveruvaa-skoro-site-02.jpg

Прочитајте повеќе: 11 лажни фотографии што го измамија целиот свет

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Бизарни јадења од ретро книги со рецепти (фото) Банани со сланина и кашкавал, пица во форма на лице која изгледа страшно… Сте ви...
Сопруги на познати лидери на култови, кои биле исто злобни колку сопрузите Бони Нетлс беше сопруга на лидерот на култот Heaven’s Gate. Верувала дека комуни...
Корисни трикови што ги научивме во училиште, а ни служат за цел живот За разлика од новите генерации кои користат паметни табли и голем број надредни ...
Екстравагантна свадба во Швајцарија е како ледена бајка: Невестата „смрзната“ во коцка мраз, ангел л... Невеста „замрзната“ во коцка мраз, маж преправен во ангел кој „лета“ над младенц...
9 забавни илустрации кои покажуваат дека со стареењето гледаме поинаку на работите Конечно знаеме како да ги распределиме финансиите, избираме практични подароци, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg