6 работи кои ги правиме, а грешиме (и си го отежнуваме животот)

Грешка: Не обрнуваме внимание на менталното здравје, не се осудуваме да се обратиме кај психолог и бесот и тензијата се трупаат во нас.

6-raboti-koi-gi-pravime-a-greshime-i-si-go-otezhnuvame-zhivotot-01.jpg

Живееме динамично темпо во на моменти „напорен“ свет, па потребно е да направиме сè што е во наша моќ за да си го олесниме животот.

Работи кои ги правиме, а грешиме:

Купуваме само „офлајн“, односно на лице место, наместо да почнеме повеќето работи да си ги нарачуваме онлајн и да заштедиме време и енергија.

Доставата ќе ни биде до дома и нема потреба од носење на тешки ќеси. Се разбира, постојат луѓе кои веќе го практикуваат ова во голема мерка.

6-raboti-koi-gi-pravime-a-greshime-i-si-go-otezhnuvame-zhivotot-05.jpg

Штедиме на клучни работи, како што е квалитетна постелнина на пример, и со тоа си штетиме на здравјето.

Потсетете се само колку голем дел од животот минувате во кревет, плус ако инвестирате во квалитетни парчиња тие ќе ви траат многу подолго.

6-raboti-koi-gi-pravime-a-greshime-i-si-go-otezhnuvame-zhivotot-02.jpg

Не обрнуваме внимание на менталното здравје, не се осудуваме да се обратиме кај психолог и бесот и тензијата се трупаат во нас.

Неприфаќање на фактот дека во одредени мигови е потребна помош од експерт особено важи за постарата генерација.

6-raboti-koi-gi-pravime-a-greshime-i-si-go-otezhnuvame-zhivotot-03.jpg

Правиме сè сами, глумиме херој, не бараме помош од никој и на крајот сме истоштени, нервозни и телото и духот ни се констано уморни.

Не е ништо срамно ако побарате помош од блиските или ако ангажирате човек што е експерт во одредена област и може да ви помогне.

6-raboti-koi-gi-pravime-a-greshime-i-si-go-otezhnuvame-zhivotot-06.jpg

Ги чуваме парите дома „под перница“, наместо да ги уплатиме во банка, па сме под стрес дали се безбедни.

Во банка дефинитивно ќе ви бидат побезбедни, помислете само колку грабежи на станови и куќи се случуваат.

6-raboti-koi-gi-pravime-a-greshime-i-si-go-otezhnuvame-zhivotot-07.jpg

Купуваме парчиња облека наменски за одредена пригода, кои нема да ги облечеме повеќе од еднаш и залудно трошиме многу пари.

Најдобро е да купите парче за кое ќе знаете дека ќе може да го облечете повторно, а ако сакате нешто навистина специфично, тогаш добра опција е изнајмувањето.

6-raboti-koi-gi-pravime-a-greshime-i-si-go-otezhnuvame-zhivotot-04.jpg

С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
10 одвратни работи кои (речиси) сите луѓе ги прават На огледало во тоалетот одблиску си ги гледаат акните, црнките, брчките, ги стис...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
8 работи за кои вреди да дадете повеќе пари, за да заштедите долгорочно На кои работи не треба да штедите кога ги купувате? Погледнете кај кои 8 продукт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg