10 брутално искрени причини зошто животот ви е досаден
Немате мрднато од градот во којшто живеете
Ако можете да си дозволите патување во друга држава, зошто не го направите тоа?
Дури и ако немате доволно средства за такво патување, сигурно можете да посетите некоја дестинација во близина на вашиот град.
Ако не се ни сеќавате кога последен пат сте излегле од градот, можеби и тоа е причина зошто секогаш ви е досадно.
Сметате дека сте ги надраснале сите забавни активности
Убедени сте дека веќе не сте на возраст кога можете да излегувате до раните утрински часови. Гледањето филм во кино и одењето на кафе се трошење време. Сметате дека повеќето забавни активности не се достојни за вас бидејќи веќе сте возрасна личност.
Ако се пронајдовте, немојте да се чудите зошто ви е досадно.
Не сакате да правите ништо сами
Можеби еднаш-двапати сте биле иницијатор за нешто, но пријателите ве одбиле. Па, штом немате друштво, не ни вреди да правите нешто.
Ако ова е вашиот став, ако никогаш не се осмелувате да направите нешто сами, ако секогаш ви треба и некој друг за да ве забавува, тогаш и секогаш ќе ви биде досадно.
Самите сте станале здодевна личност
Кога избегнувате сè и ги избегнувате сите, со текот на времето ќе се претворите во здодевна личност.
Проблемот е што ова ви пречи само вам и токму поради ова постојано ви е досадно.
Минувате повеќе време на интернет отколку во реалниот свет
Направете споредба – колку серии на Нетфликс сте изгледале, а колку пати сте излегле од дома. Или, колку часови сте поминале на Фејсбук, а колку во живо со пријателите?
На сите ни се случува да потрошиме повеќе време на компјутер или телефон од планираното, но ако ова станало норма за вас, секако дека ќе ви биде досадно.
Спирова С. | Црнобело