Момче од Англија е двојник на Мајкл Џексон: „Не сум направил операции, ме малтретираа затоа што личам на него“
„Во средно училиште ме малтретираа затоа што многу личам на Мајкл Џексон“ – тврди ова момче од Англија, кое денес работи како инфлуенсер и двојник на Мајкл Џексон. Фабио Џексон објави фотографии за да докаже дека не направил пластични операции.
Фабио Џексон (28) од Англија стана мошне популарен на социјалните мрежи поради неверојатната физичка сличност со кралот на поп музиката, Мајкл Џексон, а голем дел од неговите следбеници го обвинуваат дека направил пластични операции за да личи на славниот музичар.
Фабио го носи истото презиме како славниот музичар, а за да докаже дека физичката сличност во целост е природна, тој објави повеќе фотографии од себеси во детството.
Момчето што ги осои социјалните мрежи вели дека во средно училиште редовно му се случувало да го мешаат со познатиот поп-пејач.
„Во средно училиште ме споредуваа со Мајкл Џексон, а денес тоа се случува многу почесто. Ме малтретираа затоа што многу наликував на него, а како што можете да видите од моите снимки, ништо не се променило во мојот изглед.
Пораснав, вилицата ми стана поизразена, забите ми се оддалечени, но очите ми се исти и да, отсекогаш имам долга коса како Мајкл“ – вели тој.
Погледнете го видеото во кое Фабио покажува фотографии од детството:
@theefabiojackson Just grew up
-->♬ Lost Souls - lizok
Фабио одлучил да го искористи тоа што премногу наликува на Мајкл Џексон, па работи како двојник на познатиот пејач.
Тој на социјалните мрежи објавува видеа во кои танцува исто како кралот на поп музиката, а голем дел од неговите следбеници коментираат за неверојатната сличност.
„Ѝ реков на мајка ми дека Мајкл Џексон е жив, не ми веруваше“, „Имате интернет и на небото“, „Неверојатно“ – стои во дел од коментарите.
Погледнете ги фотографиите на Фабио и проценете сами дали направил пластични операции или во прашање е неверојатна физичка сличност:
Б. С. Б. | Црнобело