Храм за Буда од пивски шишиња
Добредојдовте во храмот на пивото... иако тука не можете ниту една капка да се напиете. Будистички свештеници, кои силно веруваат во моќта на...
...реинкарнација, реинкарнираа милион пивски шишиња.
Тие ги охрабриле локалните власти да дoнираат празни пивски шишиња во комплексот Ват Па Маха Чеди Каев во северо-источен Тајланд, уште од далечната 1984 година.
Храмот некогаш познат како Ват Лан Куад, сега како Храм на милион шишиња, монасите го користат за да изградат скоро сé од празните пивски шишиња, почнувајќи од крематориумот, па сé до тоалетите.
Шишињата не избледуваат, овозможуваат одлична светлина и сé лесни за чистење. Но, еколошкиот дух не запира тука, мозаиците на Буда околу храмот се направени од капачињата на шишињата.