8 правила на однесување кои често ги прекршуваме
Бонтонот и правилата на однесување знаеме често да ги прекршиме во секојдневието
Но, има и такви за кои не сме ни свесни дека постојат, за да ги прекршиме.
Како на пример:
1. Чантата не смее да им пречи на луѓето во околина. Тоа значи дека треба да стои на празното столче, до вашите нозе, позади половина или да најдете каде нема да пречи на минувачите и гостите.
2. Оставете келнерот да дојде сам за да ве послужи кога ќе пристигнете во локал. Може да кренете рака само за да побарате сметка или повторно да нарачате.
3. При пазарење во супермаркет, количката треба да се движи покрај вас, а не да ја оставате на неколку метри, додека вие разгледувате.
4. Секогаш ставајте подметнувач или салфетка под чашата со пијалак.
5. Вратете го столчето кога станувате од масата.
6. Аплаудирајте со рацете во ниво на градите.
7. Парчето лимон стискајте го со дополнителна заштита, наместо со двете раце.
8. Пред да се напиете од чашата, задолжително со салфетка отстранете го вишокот кармин, како не би оставиле траги.
М. Д. | Црнобело