Не шетајте разголени, секогаш имајте кеш – Што (не) треба да правите во Индија, низ илустрации

Секогаш имајте кеш

Иако во рестораните и продавниците во поголемите градови прифаќаат и картички, ова сепак е реткост во Индија.

Што значи, осигурете се дека секогаш ќе имате кеш, особено ако сте на помало место.

ne-nosete-razgolena-obleka-sekogash-imajte-kesh-shto-treba-a-shto-ne-treba-da-pravite-vo-indija-niz-ilustracii-07.jpg

Многу луѓе не разбираат англиски

Англискиот се претвори во глобален јазик и скоро сите го користиме кога одиме во странство.

Но, ако одите во Индија, имајте на ум дека многу луѓе не го знаат јазикот.

ne-nosete-razgolena-obleka-sekogash-imajte-kesh-shto-treba-a-shto-ne-treba-da-pravite-vo-indija-niz-ilustracii-08.jpg

Научете ги и користете ги локалните начини на поздравување

Во која држава и да одите, треба да покажете почит кон тамошната култура, а истото важи и за Индија.

Ќе оставите многу добар впечаток кај локалните жители ако покажете интерес за нивната култура, како начинот на поздравување.

Во Индија често се користи поздравот „намасте“ - треба да ги споите дланките како за молитва, малку да се поклоните и да кажете „намасте“.

Овој поздрав се користи за поздравување и за збогување и со него ќе покажете почит кон соговорникот.

ne-nosete-razgolena-obleka-sekogash-imajte-kesh-shto-treba-a-shto-ne-treba-da-pravite-vo-indija-niz-ilustracii-09.jpg

Не разменувајте нежности во јавност

Колку и да сте вљубени во партнерот, ако сте во Индија, избегнувајте да се бакнувате и прегрнувате додека сте на јавно место.

За Индијците разменувањето нежности е нешто многу интимно и треба да се случува зад затворени врати.

Добро би било да избегнувате и држење за рака.

ne-nosete-razgolena-obleka-sekogash-imajte-kesh-shto-treba-a-shto-ne-treba-da-pravite-vo-indija-niz-ilustracii-10.jpg

Во помалите градови носете облека што го покрива телото

Носењето облека со разголени делови од телото се смета за вулгарна во Индија, па за да покажете почит кон локалците, не покажувајте многу кожа.

Дури и ако е топло, пробајте да ги скриете рацете и нозете.

ne-nosete-razgolena-obleka-sekogash-imajte-kesh-shto-treba-a-shto-ne-treba-da-pravite-vo-indija-niz-ilustracii-11.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Жените се грижат за парите, си го тетовираат лицето: Факти за племето Рабари од Индија Жените во ова племе го имаат главниот збор што се однесува до финасиите. Мажите ...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
Бонтон грешки со кои несвесно го иритирате персоналот во ресторан (и им ја отежнувате работата) Со едно кафе, седите по неколку часа и одите во ресторан кога е очигледно дека с...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg