Фрлање мебел низ прозорец и уште 8 чудни работи кои ќе ги сретнете само кај Италијанците (фото)

Италијанците тврдат дека Италија е многу повеќе од тестенини, пица и шопинг во Милано.

9-cudni-raboti-kaj-italijancite-01.jpg

Во Италија се случуваат работи кои ќе ве зачудат, но и ќе ве насмеат.

Како на пример:

Италијанците носат црвена долна облека за да привлечат среќа

И мажите и жените носат црвена долна облека за време на новогодишната ноќ, бидејќи се верува дека оваа боја привлекува среќа.

Истата традиција можете да ја најдете во различни латиноамерикански земји, но луѓето таму носат жолта долна облека наместо црвена.

Во овие локални култури, се верува дека жолтата боја носи љубов и среќа.

9-cudni-raboti-kaj-italijancite (1).jpg

Фрлање мебел низ прозорец

Италијанците имаат многу необична традиција на последниот ден од годината: фрлаат тенџериња, тави, па дури и мебел низ прозорците. Овој чин го симболизира ослободувањето од старото со цел да се отвори вратата за нови почетоци.

9-cudni-raboti-kaj-italijancite (2).jpg

Проколнатиот остров Исола дела Гајола

Еден од помалите острови во Неапол, Isola della Gaiola, несомнено е прекрасен, но страшен. Локалните жители го нарекуваат проколнат остров поради бројните смртни случаи на неговите сопственици.

Првиот жител кој живеел сам, исчезнал без трага, следниот сопственик починал од срцев удар, а другиот се самоубил. И ова се само мал дел од случаите. По сите овие настани, островот моментално е ненаселен и пуст.

9-cudni-raboti-kaj-italijancite (3).jpg

Доцна вечера

Италијанците вечераат прилично доцна, а многу ресторани не се отвораат до 19-19:30 часот. Во зависност од регионот, луѓето јадат околу 21 часот.

Оваа тенденција може да се објасни со фактот дека Италијанците имаат долга 2-часовна пауза среде работниот ден за ручек, па затоа и вечераат многу подоцна.

9-cudni-raboti-kaj-italijancite (4).jpg

Скоро секое овошје прво се лупи, па дури потоа се јаде

Луѓето во Италија обично не јадат овошје, како што се јаболка, круши и праски со лушпата. Наместо тоа, прво ја лупат, што не е невообичаено за повеќето странци.

Објаснувањето за ова е дека Италијанците сакаат да јадат здрава храна и мислат дека пестицидите што се нанесуваат на неа не се отстрануваат правилно, дури и по миењето.

9-cudni-raboti-kaj-italijancite (5).jpg

Нема јајца за појадок

Пржените јајца со сланина, леб и путер можат да изгледаат како совршен појадок доколку не сте Италијанец.

Меѓутоа, локалното население претпочита да јаде нешто слатко наутро, како што се житарици или бисквити, овошје и еспресо.

Како што велат самите Италијанци: „Сакате јајца за појадок? Одете во Лондон“.

9-cudni-raboti-kaj-italijancite (6).jpg

Забранет „остров на духови“

Во Италија можете да ги видите не само најстарите места во светот, туку и опседнатиот остров Poveglia, познат како „Остров на духовите“ поради неговата необична историја.

Повеќе од 100 години ова место се користело како карантинска станица за заболените од чума. Се верува дека тука се кремирани околу 160.000 луѓе. Сега островот е официјално забранет за туристички посети.

9-cudni-raboti-kaj-italijancite (8).jpg

17 е несреќна бројка

Додека во повеќето земји бројот „13“ се смета за несреќен број, за Италијанците тоа е „17“. Тоа е затоа што бројот 17 кога е напишан со римски бројки, на латински се преведува како „мојот живот заврши“. Затоа и некои хотели во Италија воопшто и немаат седумнаесетти кат.

9-cudni-raboti-kaj-italijancite (9).jpg

Модерни се дури и додека купуваат намирници

Милано важи за една од модните престолнини во светот. Овде и мажите и жените ги следат модните трендови и остануваат елегантни без разлика на ситуацијата. Дури и кога одат во продавница, Италијанките изгледаат фантастично и гламурозно.

9-cudni-raboti-kaj-italijancite (10).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Местото со најмногу духови во светот се наоѓа среде Венеција – Што знаеме за островот Повеља? Островот Повеља се наоѓа на само 10-тина минути од базиликата „Свети Марко“ во В...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg