Подзнакот и стравот
Меѓу останатото, подзнакот е маската која автоматски ја навлекуваме кога се соочуваме со неизвесност, или кога сме исплашени. Во зависност...
...од тоа што сте во подзнак зависи и како реагирате кога сте несигурни.
Ако вашиот подзнак е:
Овен: Завземате лут, агресивен, или антагонистички став како да сте на борбена линија.
Бик: Станувате тврдоглави, или претерано шармантни, криејќи ги длабоко чувствата кои навистина ве обземаат.
Близнаци: Зборувате брзо и многу. Со вербално оружје сакате да ја сокриете вашата чувствителност.
Рак: Се криете од емоциите така што премногу зборувате и реагирате претерано повредено. Позади оваа маска се крие сила или аналитичност.
Лав: Драматизирате кога сте несигурни.
Девица: Поставувате ред прашања и премногу сте критични. Позади преголемата објективност се крие чувствителна и симпатична личност.
Вага: Покажувате премногу шарм и сте сосема слатки затоа што во детството ве научиле дека мора да бидете добри. Позади овие убави манири се крие лутина и пасивна агресија.
Скорпија: Реагирате силно и насилно, криејќи ги чувствата и смислата за хумор сè додека не сте сигурни.
Стрелец: Ведри сте и насмеани и кога ви е тешко. „Сè ќе биде добро“ најчесто крие сила, или тага.
Јарец: Се срамите и се однесувате ладно. На тој начин ја криете несигурноста и притисокот од одговорност.
Водолија: Се буните кога сте несигурни. Сакате да покажете дека сте поинакви.
Риби: Покажувате отсутност на духот, молчите и избегнувате конфронтација. Тешко поднесувате болка и неубави настани. Позади таа фасада се крие длабока сила и визионерство.