Јапонска теорија – што кажува вашата крвна група за вас + љубовни комбинации според крвната група

Додека луѓето со крвна група О и крвна група Б би биле одличен пар, луѓето со крвна група А и крвна група О имаат многу различни карактери, па постојано ќе си создаваат напнати ситуации.

Japonska-teorija-spored-krvnata-grupa-01.jpg

Во Јапонија е распространето верувањето дека карактерот на човекот е поврзан со крвната група. Оваа информација открива многу детали за личноста во доменот на работата, љубовта и животот генерално.

Се верува дека крвната група ги одредува темпераментот и карактерот, а честопати во Јапонија може да се слушне и прашањето – „Која крвна група сте?“, без разлика дали се работи за наоѓање животен партнер или работа.

Луѓето со нулта (О) крвна група се самоуверени, одлучни, имаат голема издржливост и секогаш гледаат на подобрата страна на животот. Секогаш можете да сметате на нив, бидејќи имаат големо чувство за одговорност и емпатија кон другите луѓе.

Сепак, иако доста добро се согласуваат со другите, тие претпочитаат да бидат сами. Тие се типични работохоличари кои се способни да работат до исцрпеност.

Луѓето со крвна група А најдобро се опишуваат како разумни, резервирани и искрени. Нивната желба да бидат прецизни понекогаш се граничи со перфекционизам. Ако нешто не оди според нивните планови, тоа им создава стрес. Сосема вообичаено е да бидат премногу чувствителни.

Лошо се справуваат со стресот поради повисоките нивоа на кортизол, па затоа треба да се занимаваат со некое релаксирачко хоби како јога или сликање. Тие ќе размислат двапати пред да направат некој чекор, што ги прави мошне сигурни како луѓе.

Луѓето ги ценат поради нивната добрина и нежност. Луѓето со крвна група А не ги покажуваат секому своите емоции. Тие им се доверуваат на оние со кои довербата е веќе воспоставена.

Japonska-teorija-spored-krvnata-grupa-02.jpg

Луѓето со крвна група Б се креативни, љубопитни и активни. Овој тип на личности честопати се опишувани како многу себични и егоцентрични.

Имаат силни индивидуалистички квалитети, не се трудат да ги исполнат туѓите очекувања, си го наоѓаат својот пат и се држат до своите принципи. Брзо донесуваат одлуки и кога ќе се одлучат за нешто, стануваат незапирливи.

Луѓето со крвната група Б имаат силно чувство за љубопитност, но во исто време лесно го губат интересот. Иако имаат многу позитивни страни, овие луѓе имаат тенденција повеќе да се фокусираат на негативните наспрема позитивните аспекти во животот. Се смета дека нивните корени им припаѓаат на номадските народи кои талкале од место до место.

Крвната група АБ е хибрид на А и Б, две различни личности измешани заедно. Тие често се сметаат за личност со дуална и комплицирана природа. На пример, тие се срамежливи како типовите од крвна група А, но истовремено се и самоуверени како оние од типот Б. Крвната група АБ е најретката во Јапонија (и многу други места во светот, исто така), па ова го зајакнува стереотипот дека луѓето со оваа крвна група се доста ексцентрични.

Како функционираат односите според јапонската теорија на личноста согласно крвната група?

A и A: Овие слични личности генерираат емпатија и наклонетост, но понекогаш ја иритираат околината бидејќи и двајцата се многу интензивни.

А и О: Типот А и типот О имаат многу различни карактери (А е чувствителен, О воопшто не е). Тие си ги скриваат слабостите еден кај друг, но нивните разлики им создаваат многу стрес.

А и Б: Типот А завидува на способноста на типот Б да ужива во работите со сопствено темпо. Типот Б е ужаснат од некритичноста на типот А. Љубезноста во оваа врска се чувствува како да е наметната со сила.

A и АБ: Оваа комбинација зависи од поединците. АБ има дел А и дел Б. Типот А не би се сложувал со АБ каде што преовладува егоцентричноста на Б. Сепак, тие можат да изградат стабилна врска доколку личноста со крвна група АБ преовладува со карактеристики од типот А. 

О и О: Иако нивните ставови можат да им изградат искрен и отворен однос, тие имаат тенденција да се судираат еден со друг кога станува збор за конкуренцијата.

japonska-teorija-shto-kazhuva-vashata-krvna-grupa-za-vas-ljubovni-kombinacii-spored-krvnata-grupa-03.jpg

O и Б: Типот О е трпелив и двајцата можат да уживаат додека О смирено ја поддржува нескротливата природа на типот Б. Многу добар пар!

O и АБ: Типот О се јасни и искрени луѓе, така што на почетокот можеби ќе им биде тешко да ја разберат сложеноста на АБ. Но, типот О е и многу отпорен и може да биде исклучителна поддршка, особено кога типот АБ се соочува со некаква неволја.

Б и Б: Ова може да биде најдобрата комбинација кога нивните преференции и темпото им одговараат еден на друг. Но, ако не се погрижат да креираат хармонична врска и да се усогласат еден со друг, ова спојување може да биде и најлошото.

Б и АБ: Типот Б сака да одвои време за да прави некои работи, а типот АБ ја цени приватноста. Овие двајца природно ги почитуваат желбите еден на друг. Ќе имаат добри односи сè додека не си пречат еден на друг.

АБ и АБ: Типот АБ е прилично редок, така што два АБ можат да имаат силна врска и да покажат наклонетост еден кон друг. Тие можат да ја разберат сложената и единствена личност на другиот повеќе од кој било друг, па врската може да биде мошне интензивна.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg