Си прават венци од свежо цвеќе и гордо ги носат – Како изгледаат мажите од племето Кахтан?

Мажите од племето Кахтан (Qahtan) во Саудиска Арабија секојдневно прават венци од свежо цвеќе кои потоа ги носат на главите. Некои од нив си ја фарбаат и брадата со к’на за да ги истакнат живописните бои на цветовите.

sharena-tradicija-mazhite-od-pleme-od-saudiska-arabija-nosat-venci-od-svezho-cvekje-foto-01.jpg

Во Саудиска Арабија постои племе каде што мажите носат венци од свежи цветови, поради што со текот на времето станале познати како „мажи на цвеќето“ (flower men).

Наводно, во областа каде што живее племето виреат над 2.000 разни видови цвеќиња, а голем дел можете да најдете по локалните пазари.

sharena-tradicija-mazhite-od-pleme-od-saudiska-arabija-nosat-venci-od-svezho-cvekje-foto-05.jpg

Племето Кахтан живее во југозападниот дел на земјата повеќе од 2.000 години, а се верува дека и традицијата со венците од цвеќе е стара приближно толку.

Венците се изработуваат секое утро на локалните пазарчиња – некогаш од страна на продавачите, а некогаш мажите сами си ги избираат цветовите ако сакаат поуникатен изглед. Покрај цветови, тие користат и тревки како босилек.

sharena-tradicija-mazhite-od-pleme-od-saudiska-arabija-nosat-venci-od-svezho-cvekje-foto-06.jpg

sharena-tradicija-mazhite-od-pleme-od-saudiska-arabija-nosat-venci-od-svezho-cvekje-foto-03.jpg

Некои мажи, пак, си ја фарбаат брадата со к’на бидејќи сметаат дека така изгледа подобро во комбинација со венецот.

sharena-tradicija-mazhite-od-pleme-od-saudiska-arabija-nosat-venci-od-svezho-cvekje-foto-08.jpg

Имено, венците се веќе препознатливи за областа и се популарна туристичка атракција. Се продаваат по цена од неколку евра, а еден венец може да се носи два дена, односно додека цветовите да се исушат.

Мажите внимателно ги одбираат боите на цветовите со цел да се совпаѓаат со традиционалната облека на нивното племе.

sharena-tradicija-mazhite-od-pleme-od-saudiska-arabija-nosat-venci-od-svezho-cvekje-foto-09.jpg

Интересно е што овие венци не се носат само од естетски причини. Народните лекови од разни растенија се мошне популарни во оваа област, па тие носат и „лековити венци“ за кои се верува дека можат да ја излечат главоболката.

Наводно, и жените од племето некогаш носат вакви венци, но племето не дозволува да се фотографираат.

sharena-tradicija-mazhite-od-pleme-od-saudiska-arabija-nosat-venci-od-svezho-cvekje-foto-04.jpg

И машките деца гордо ги носат венците од цвеќе, а локалците имаат и друга забавна традиција – штом ќе ги посети некој странец, веднаш му подаруваат ваков венец.

sharena-tradicija-mazhite-od-pleme-od-saudiska-arabija-nosat-venci-od-svezho-cvekje-foto-13.jpg

sharena-tradicija-mazhite-od-pleme-od-saudiska-arabija-nosat-venci-od-svezho-cvekje-foto-11.jpg

Цветните мотиви доминираат и во домовите на ова племе. Тие ги украсуваат ѕидовите со стил на цртање познат како Al Qatt Al Asiri кој од 2017 година е заштитен од УНЕСКО. Овие мурали обично ги изработуваат жените.

sharena-tradicija-mazhite-od-pleme-od-saudiska-arabija-nosat-venci-od-svezho-cvekje-foto-10.jpg

sharena-tradicija-mazhite-od-pleme-od-saudiska-arabija-nosat-venci-od-svezho-cvekje-foto-02.jpg

sharena-tradicija-mazhite-od-pleme-od-saudiska-arabija-nosat-venci-od-svezho-cvekje-foto-07.jpg

sharena-tradicija-mazhite-od-pleme-od-saudiska-arabija-nosat-venci-od-svezho-cvekje-foto-12.jpg

sharena-tradicija-mazhite-od-pleme-od-saudiska-arabija-nosat-venci-od-svezho-cvekje-foto-14.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жените се грижат за парите, си го тетовираат лицето: Факти за племето Рабари од Индија Жените во ова племе го имаат главниот збор што се однесува до финасиите. Мажите ...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Низ илустрации: Стереотипи за мажите и жените кои е време да ги заборавиме Сите жени сонуваат за брак, а секој маж сака да биде „вечен ерген“ – најчестите ...
Примери за подвоени стандарди меѓу мажите и жените што (за жал) сè уште се прифатени, низ илустрации Во приказните, мажот што лета е „супермен“, а жената е „вештерка“. Кога тато ги ...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg