7 работи кои треба да ги оставите во 2021-ва, за да немате уште една „мизерна“ година
Грешка која не смеете да ја правите во 2022-ра: Не смеете секојдневно да сте само во фаза на преживување и да заборавите да сонувате. Го правите тоа на моменти, нели? Работи кои треба да си ги ветите себеси на почетокот од 2022-ра...
Секој од нас има милион навики кои несвесно ги следи и понекогаш не ни сфаќаме колку се тие губење на време, напор и енергија.
Кои навики не треба да ги понесете со себе во 2022-ра година?
Непосветеност на своите желби
Од денес почнете да размислувате што точно сакате и не се смирувајте додека не си ги исполните желбите и соништата.
Постојана иритираност
Постојаната иритираност е деструктивна и за вас и за околината. Во 2022-ра не смеете да биде цело време на работ на нервите и да дозволите незадоволството од разни сфери во животот да ви е доминантно во секојдневието.
Работете на тоа да го пронајдете мирот во себе и сѐ друго ќе си дојде само.
Зборување без прекин
Во ред е да сте комуникативни, но не е во ред да зборувате прекумерно, без да им дадете на другите да дојдат до збор. Си трошите енергија и сила, наместо да молчите на моменти и да учите од зборовите на другите.
Балансот е најдобриот начин за функционирање.
Мултитаскинг кој ве „убива“
Во ред е да сакате да дадете 100% од себе на секое поле и да сте одлични и на работа и дома и во врската, но не е во ред од претераното притискање на себеси да се истоштите и да заборавите на грижата за себе.
Неспособност да сонувате
Сонувањето е емоција и целта е рационално работење на тоа да си ги остварите соништата. Не смеете секојдневно да сте само во фаза на преживување и да заборавите да сонувате. Ако сте ја изгубиле таа способност, мора да се обидете да ја вратите.
„Горење“ од љубомора
Љубомората не може да ви донесе ништо добро. Само ви ја цица енергијата.
Наместо трошење енергија на завидливост кон другите, вие работете на градење на својата самодоверба и на љубовта кон себе.
Хаос со распоредување на обврските
Хаосот во кој живеете ви ја троши енергијата залудно, мора да направите ред и распоред на обврските. Од клучно значење е добро да се организирате.
Секогаш ставајте топ 3 приоритети, а другото нека следува потоа доколку ви остане време.
С. С. | Црнобело