Водич: Што да правите во ситуации кога ви е загрозена безбедноста?

Ако некој ви поставува премногу лични прашања и почне да ве прашува и за вашиот автомобил, кажете му дека е изнајмен, а не ваш.

zhenski-soveti-za-situacii-koga-se-chuvstvuvate-neprijatno-i-stravuvate-za-svojata-bezbednost-01.jpg

Кога ќе ви пријде непозната личност, не мора да значи дека ви мисли лошо, но ако ви поставува премногу прашања дури и кога е очигледно дека не ви се зборува, сигурно ќе се почувствувате непријатно, па дури и исплашено.

Ако сте вознемирени и почнувате да се плашите за вашата безбедност, постојат неколку совети и трикови што ќе ви бидат од помош.

Се разбира, не треба постојано да живеете во страв и да мислите дека секоја непозната личност сака да ви наштети, но добро е да знаете како да се погрижите за вашата безбедност во непредвидливи ситуации.

Неколку совети што е добро да ги знаете:

Ако некој ве прашува за автомобилот, речете дека е изнајмен

Некогаш некој може да ви постави прашање за автомобилот само од љубопитност или бидејќи навистина го интересираат автомобили.

Но, ако се чувствувате непријатно, можете да го избегнете разговорот ако кажете дека автомобилот ви е изнајмен.

zhenski-soveti-za-situacii-koga-se-chuvstvuvate-neprijatno-i-stravuvate-za-svojata-bezbednost-02.jpg

Кажувајте им на мајсторите дека не живеете сами

Ако првпат викате некој мајстор којшто не го познавате и почне да ви поставува премногу лични прашања, најдобро нагласете дека не живеете сами, без разлика дали тоа е така или не.

Ако сте вознемирени, спомнете дека наскоро чекате да си дојде сопругот, момчето или слично.

zhenski-soveti-za-situacii-koga-se-chuvstvuvate-neprijatno-i-stravuvate-za-svojata-bezbednost-03.jpg

Кажувајте дека не сте сами или дека некој ве чека

Ако, на пример, патувате сами некаде, немојте да откривате дека сте сами кога некој ќе почне да ви поставува прашања.

Подобро кажете дека со вас има и друга личност којашто ја чекате или која треба да ве пречека некаде.

zhenski-soveti-za-situacii-koga-se-chuvstvuvate-neprijatno-i-stravuvate-za-svojata-bezbednost-04.jpg

Скријте ги легитимациите во јавен превоз

На студентската или легитимацијата од работа стојат вашите име и презиме, па најдобро не го покажувајте овој документ кога сте во јавен превоз.

Никогаш не знаете кој ќе го погледне и кој може да ги злоупотреби овие информации.

zhenski-soveti-za-situacii-koga-se-chuvstvuvate-neprijatno-i-stravuvate-za-svojata-bezbednost-05.jpg

Кога нарачувате храна со достава кажете машко име за нарачка

Ако сте сами и нарачувате храна, а притоа не се чувствувате пријатно бидејќи не ги знаете доставувачите, слободно кажете машко име.

Вака сигурно ќе се чувствувате подобро бидејќи доставувачот ќе мисли дека во домот има и машко лице.

zhenski-soveti-za-situacii-koga-se-chuvstvuvate-neprijatno-i-stravuvate-za-svojata-bezbednost-06.jpg

Лажете за работните часови

Ако некој ве прашува кога сте слободни или кога завршувате со работа, а се обидувате да го избегнете, можете да кажете дека вашите работни часови се непредвидливи.

Истовремено, никако немојте да откривате каде работите.

zhenski-soveti-za-situacii-koga-se-chuvstvuvate-neprijatno-i-stravuvate-za-svojata-bezbednost-07.jpg

Преправајте се дека не го разбирате јазикот

За жал, многу жени се соочуваат со секакви дофрлања на улица кои не се воопшто пријатни. Ако некој упорно ви зборува, можете само да се преправате дека не го разбирате што зборува.

Добро би било да прокоментирате нешто на друг јазик (не англиски, бидејќи многу луѓе го знаат) и да продолжите да се движите.

За ова, доволно е да научите само некоја фраза на кој било јазик. На пример, „No lo entiendo“ значи „Не разбирам“ на шпански.

zhenski-soveti-za-situacii-koga-se-chuvstvuvate-neprijatno-i-stravuvate-za-svojata-bezbednost-08.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...
12 работи што општеството не ги прифаќа, иако се здрави и нормални, низ илустрации Грижата за децата не е само женска работа, па затоа не е срамота и татковците са...
Како изгледаат градинките во Кина: Децата готват на печки на дрва, мешаат малтер Деца од градинка сами мешаат малтер и градат шпорети за готвење. Сами носат дрва...
Колку плата земаш? Бремена ли си? - 6 прашања кои учтивите луѓе никогаш не ги поставуваат Луѓето не се чувствуваат пријатно кога некој им ги поставува овие прашања. Лу...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg