„Не барам од тебе да се извиниш…“ - писмо на Фрида Кало до нејзиниот неверен сопруг кое продира длабоко во срцето
Фрида Кало и нејзиниот сопруг ги нарекувале „слон и гулабица“ заради физичкиот изглед, не бил привлечен, а сепак жените му се фрлале во прегратка, ја изневерил дури и со нејзината сестра, а таа му напишала емотивно писмо кое почнува со: „Не барам од тебе да ме бакнеш или да ми се извиниш...“
Впечатливите дебели, споени веѓи, мустаќи на женското лице, ладен поглед и плетенка од цвеќиња се карактеристични за добропознатите портрети на Фрида Кало, кои воедно стекнаа светска популарност.
Нејзиниот турбулентен живот, нејзиниот талент, но пред сè нејзината личност влијаеле на многу денешни уметници, додека нејзината љубовна врска со сликарот Диего Ривера ќе остане запишана во историјата на најголемите љубови на дваесеттиот век.
Имено, Фрида го запознала Диего преку заеднички пријател во 1929 година.
Бил постар од неа цела 21 година, па со самото тоа веќе бил признат сликар во тоа време, поради што Фрида сакала токму тој да ги погледне и оценува нејзините дела.
Диего бил фасциниран од нејзината работа. Поради големата разлика во изгледот и висината, често ги нарекувале „слон и гулабица“.
Набргу по венчавката, која се одржала на 21 август 1929 година, Фрида сфатила дека љубовта на Ривера кон неа не ги исклучува неговите односи со други жени, вклучувајќи ја и нејзината сестра.
Тој копнеел по слобода и сакал да ја поседува секоја жена, а тоа му обезбедило неприкосновен углед. Диего бил физички непривлечен, но сепак жените му се „фрлале“ во прегратка.
Практично, тој бил Бог во Мексико: како сликар, претставник на мексиканската ренесанса и идеолог на работничката класа.
Многу дами сакале да му позираат и да бидат овековечени на неговите мурали. Романсата со него ја гледале како пат кон вечноста.
Имено, неговото политичко убедување не било исклучиво кон неистомислениците - тој бил жесток комунист, но „флертувал“ со капитализмот и им ги земал парите.
Една автобуска несреќа ја осудила Фрида да живее во болка до крајот на животот, но сепак таа изјавила:
„Во животот ми се случија две големи несреќи – тролејбус и Диего. Диего беше најлошата досега!“
Покрај многуте испишани писма, таа во една прилика напишала зборови за нејзиниот сопруг Диего, со кои ја искажала нејзината неверојатна виталност и гордост и покрај сите тешкотии што ја снашле во животот.
Во продолжение ги пренесуваме во целост:
„Не барам од тебе да ме бакнеш или да ми се извиниш кога мислам дека не си ја направил вистинската работа.
Нема да барам од тебе да ме гушнеш кога ми е најпотребно.
Не барам да ми кажеш колку сум убава, или да ми напишеш нешто убаво.
Нeма да те замолам да ми се јавиш за да ми кажеш како ти поминал денот, ниту пак дека ти недостигам.
Нема да барам од тебе да ми се заблагодариш за сѐ што правам за тебе, ниту да се грижиш за мене кога душата ми е скршена.
Се разбира, нема да барам од тебе да ме поддржуваш во моите одлуки.
Нема ни да барам да ме сослушаш кога имам илјада приказни за раскажување.
Нема да барам ништо од тебе, па дури ни да останеш со мене засекогаш.
Затоа што ако мора да го побарам сето ова, јас истото повеќе не го сакам…“
Мила М. | Црнобело