Што да правите на Нова година за да ви „тргне“ годината?
Без оглед на тоа што планирате за Нова година, некои работи може да ги земете предвид за да ви „тргне“ годината.
Ова се неколку верувања и обичаи од различни страни во светот, а се поврзани со тоа што да облечете или направите вечерта на 31-ви декември:
Црвената долна облека не се заборава, ако сакате да ве следи среќа во љубовта.
Ако веќе ја имате љубовта на вашиот живот или моментално не ви е приоритет, облечете жолта долна облека. Таа гарантира среќа и просперитет.
Наводно, она што ќе го облечете врз долната облека, исто така игра улога. Ако се облечете гламурозно – така ќе се чувствувате следната година. Ако одберете лежерна варијанта – годината ќе биде опуштена.
Во Бразил, носењето на бела облека вечерта на Нова година симболизира чист и невин старт.
Во Италија на пример, некои луѓе фрлаат стари ситници низ прозорецот, вообичаено некој искршен порцелан, што го симболизира простувањето со старите и бескорисни работи.
Ако сакате да ве следи среќа во текот на следната година, пробајте да ја привлечете како што тоа го прават во Кина – подгответе јадење во леќа. Наводно, таа привлекува просперитет.
И на крајот, пред дочекот на Нова година, исчистете го домот. Ова не е обичај поврзан со некоја страна од светот, туку Фенг Шуи совет. На тој начин ќе се ослободите од непотребните натрупани работи и ќе направите простор за нови и поубави работи.
Дозволете енергијата да циркулира во новата година.
М. Д. | Црнобело