Речиси сите во Македонија складираат работи под креветот – кои предмети привлекуваат лоша среќа?

Приврзаниците на фенг-шуи веруваат дека сè во себе носи одредена енергија. Местото каде што ги ставате предметите, исто така, може да донесе позитивна или негативна атмосфера во домот. Затоа секоја работа треба да си има свое соодветно место.

Prestanete-da-turkate-raboti-pod-krevetot-01.jpg

Меѓутоа, доколку имате навика да ги складирате овие работи под креветот, веднаш отстранете ги.

Некои предмети носат негативна енергија со себе и влијаат на нас додека спиеме:

Работи кои ни будат и враќаат лоши спомени

Доколку ваквите предмети ве поврзуваат со лоши спомени, случки или настани, тие постојано ќе создаваат, т.е. емитуваат лоша енергија во вашиот дом.

Подароци и фотографии од поранешни партнери или пријатели со кои повеќе не сме во контакт

Овие работи постојано нè тераат да размислуваме за минатото и за работите кои треба да ги „заборавиме“. Ако сакате да се ослободите од духовите од минатото, прво ослободете се од ваквите непотребни подароци.

Трошна, валкана облека и чевли

На многумина им е тешко да се збогуваат со старите работи, па наоѓаат место каде што ќе ги складираат подолго време. Доколку се предомислите и не сакате да се ослободите од старите работи, тогаш барем чувајте ги на друго место, но никогаш под креветот бидејќи привлекуваат беда и сиромаштија.

Суви цветови

Околу креветот во кој спиете не смее да има исушени цветови. Се верува дека тие привлекуваат лошо здравје.

Оштетени и скршени предмети

Ваквите работи привлекуваат многу лоша среќа. Немаат никакво место под креветот, но не треба да ги чувате ниту во домот.

Стари, скршени електронски уреди

Наместо да го фрлиме расипаниот телефон, најчесто го чуваме со помислата дека некогаш во иднина можеби ќе ни притреба за нешто, иако тоа никогаш не се случува. Овие уреди најчесто завршуваат во кутиии, а нив пак ги пикаме под креветот. Ваквите работи носат лоша енергија и лошо расположение.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg