6 причини зошто некои луѓе постојано се извинуваат (+ 5 ситуции кога навистина нема потреба од тоа)

Луѓето кои постојано се извинуваат обично имаат проблеми со ниска самодоверба, но некогаш причината за ова може да биде и манипулирање на другите.

6-prichini-zoshto-nekoi-lugje-postojano-se-izvinuvaat-duri-i-koga-nema-potreba-od-toa-01.jpg

Од најрана возраст нè учат да се извиниме кога ќе направиме грешка и иако со ова се покажува учтивост и почит, постојаното извинување е далеку од добро.

Кои се најчестите причини за постојаното извинување?

Ниска самодоверба

Извинувањето е учтиво, но извинувањето во ситуации кога воопшто нема потреба за тоа може да биде знак за ниска самодоверба.

Обично луѓето со ниска самодоверба се плашат дека ќе предизвикаат негативна реакција кај другите, па неретко се извинуваат „превентивно“.

На пример, кога сакаат да прашаат нешто, тие го почнуваат разговорот со „Се извинувам“ или нешто во сличен контекст, наместо да речат само „Може ли да прашам нешто?“

6-prichini-zoshto-nekoi-lugje-postojano-se-izvinuvaat-duri-i-koga-nema-potreba-od-toa-02.jpg

Манипулација

Во овој случај, извинувањето е чиста лага и луѓето го користат за да ги манипулираат другите со цел да го добијат она што го сакаат.

Обично ова извинување е проследено со „Но…“ – „Се извинувам што лажев, но мислев дека ќе се налутиш“ или „Се извинувам што ти се развикав, но ти ме испровоцира“.

Нормално, не значи дека секоја личност што ќе се извини во овој контекст сака да ве манипулира, но ако ова се случува често, можеби треба да бидете повнимателни.

Перфекционизам

Ова се луѓе кои си поставуваат превисоки, нереални стандарди кои е практично невозможно да ги исполнат. Тие сакаат и сè околу нив да се одвива беспрекорно, а кога ништо од ова не оди по план и кога нештата не се совршени, чувствуваат потреба да се извинат, наместо да го прифатат фактот дека некогаш се случуваат и такви работи.

6-prichini-zoshto-nekoi-lugje-postojano-se-izvinuvaat-duri-i-koga-nema-potreba-od-toa-03.jpg

Неспособност за контролирање на гневот

Во овој случај проблемот не е постојаното извинување, туку гневот и неможноста личноста да го контролира.

Со други зборови, овие луѓе дозволуваат гневот да ги надвладее, поради што често ги повредуваат и навредуваат нивните сакани, па на крај се извинуваат и се однесуваат како да не се случило ништо.

Страв од конфликт

Слично како кај луѓето со ниска самодоверба, некои лица, едноставно, се плашат од конфликти и ги избегнуваат по секоја цена и скоро никогаш не истапуваат за себе.

А, еден начин да избегнат конфликт е постојано да се извинуваат, дури и ако вината е на некој друг.

6-prichini-zoshto-nekoi-lugje-postojano-se-izvinuvaat-duri-i-koga-nema-potreba-od-toa-04.jpg

Токсична врска со родител, партнер, пријател…

Ако станува збор за токсична врска со некоја личност, „жртвите“ во ваквите ситуации неретко чувствуваат вина и самите се обвинуваат за лошото однесување на партнерот, родителот или пријателот.

Поради тоа, постојано чувствуваат потреба да се извинат, без разлика дали навистина има потреба од тоа.

За што не треба да се извинувате?

1. За работите што се надвор од ваша контрола.

2. Ако не можете веднаш да направите нешто за некој друг.

3. Ако ви треба помош или сакате да прашате нешто.

4. За работи што не се ваша вина.

5. Ако не сакате да направите нешто бидејќи е спротивно од вашите верувања и слично.

6-prichini-zoshto-nekoi-lugje-postojano-se-izvinuvaat-duri-i-koga-nema-potreba-od-toa-05.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
3 психолошки вистини за луѓето со избувлив карактер (што другите најчесто не ги разбираат) Нивните чувства потекнуваат од потребата за самозаштитување, а не од омраза, а п...
Колку е човек посилен, толку е поскромен - Тие што се празни однатре создаваат врева Ги ценам луѓето кои и понатаму живеат за себе, одат на одмор и молчат за тоа дек...
7 лоши навики кои се, всушност, добри за вас Знаете ли дека озборувањето помага да создадете поголема блискост врска со луѓет...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Десет имиња за бебиња со библиска симболика Душан - Потекнува од зборот „душа“, а луѓето кои го носат ова име слават именден...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg