8 важни животни одлуки за кои не треба да се правдате и чувствувате лошо

Не сте должни да објаснувате зошто сакате да бидете сингл и зошто повеќе ви годи кога не сте во врска. Ова е ваш живот и само вие можете да одлучите што е најдоброто за вас, па игнорирајте ги другите и само уживајте.

8-vazhni-zhivotni-odluki-za-koi-ne-treba-da-se-pravdate-i-chuvstvuvate-losho-01.jpg

Луѓето сакаат да си коментираат за животите и одлуките на другите, а некогаш ова може да биде проблем – туѓите зборови можат да ве повредат, па дури и да ве одвратат од вашата намера.

Можеби порано било сосема нормално другите да го дофрлаат нивното мислење за вашиот живот, но денес времињата се менуваат и не треба воопшто да им обрнувате внимание на ваквите коментари.

Животните одлуки за кои не треба да се правдате и чувствувате лошо:

Фокусирање на „детинести“ хобија

Многу луѓе сметаат дека хобијата како играње видеоигри, читање стрипови или собирање фигури од популарни ликови се за деца, но ова не е точно.

На пример, некои од најпопуларните видеоигри не се воопшто наменети за деца, туку за лица постари од 18 години. Фигурите од популарни ликови, пак, се наменети за колекционери и некои чинат стотици долари. Истото може да се каже за многу хобија што луѓето ги перципираат како „детинести“.

Но дури и да не е сето ова, штом вам ви е интересно некое хоби и ви помага да се релаксирате и ослободите од стресот, не треба да ви е грижа што ќе кажат другите.

8-vazhni-zhivotni-odluki-za-koi-ne-treba-da-se-pravdate-i-chuvstvuvate-losho-02.jpg

Студирање на постари години

Факт е дека повеќето луѓе завршуваат факултет на почетокот од 20-тите, но ако вие одлучите да се запишете на факултет на 30, па и повеќе години, нема ништо лошо во тоа.

Без разлика дали досега сте немале можност, сакате уште еден факултет или причината е нешто сосема друго, никогаш не треба да се срамите затоа што сте решиле да го продолжите образованието.

Со ова вие се усовршувате, се подобрувате и се обидувате да создадете подобра иднина за себе и не треба да ве интересираат коментарите на другите.

8-vazhni-zhivotni-odluki-za-koi-ne-treba-da-se-pravdate-i-chuvstvuvate-losho-03.jpg

Сингл статус

За некои луѓе најважно е да го најдат нивниот животен партнер, но некои, едноставно, не се заинтересирани за тоа.

Ако и вие сметате дека ви е подобро што сте сингл и не сакате партнер и семејство, нема зошто да се чувствувате лошо поради тоа.

Ова е ваш живот и треба да го живеете како што вам ви одговара.

8-vazhni-zhivotni-odluki-za-koi-ne-treba-da-se-pravdate-i-chuvstvuvate-losho-04.jpg

Мала или тајна венчавка

Ако не ви се даваат пари за голема венчавка или повеќе сакате мала приватна церемонија, тогаш направете го тоа. Не сте должни да правите огромна прослава само затоа што роднините сакале или сите велат дека така треба.

Сепак, станува збор за ваша венчавка и вие треба да одлучите што е најдоброто за вас.

8-vazhni-zhivotni-odluki-za-koi-ne-treba-da-se-pravdate-i-chuvstvuvate-losho-05.jpg

Избегнување токсични роднини

Ако имате роднина што ве омаловажува и навредува, не сте должни да го трпите тоа. Штом сфатите дека некоја личност е токсична и има негативно влијание врз вас, избегнувајте навлегување во теми за вашиот живот. 

8-vazhni-zhivotni-odluki-za-koi-ne-treba-da-se-pravdate-i-chuvstvuvate-losho-06.jpg

Избегнување социјални мрежи

Денес социјалните мрежи се сеприсутни и иако се корисни, не секој сака да ги користи. Ако и вие не сакате да користите социјални мрежи, нема потреба да се правдате за оваа одлука.

Можеби сакате поголема приватност, можеби не сакате да го окупираат целото ваше време, можеби само мислите дека се бесмислени. Како и да е, вие одлучувате дали ќе ги користите и не треба да се чувствувате лошо ако решите да ги избришете сите профили.

8-vazhni-zhivotni-odluki-za-koi-ne-treba-da-se-pravdate-i-chuvstvuvate-losho-07.jpg

Менување кариера 

Менувањето на кариерата секогаш е ризик, но штом сте подготвени на тој чекор и имате можност да го следите вашиот сон, зошто да не му дадете шанса?

Постојат безброј причини зошто сакате да ја промените кариерата - подобра плата, повеќе време со семејството, нови предизвици - и која и да е вашата причина, не треба да им се правдате на сите.

Нема ништо лошо во тоа да ја промените кариерата и освен ако не станува збор за совет што ќе ви помогне, игнорирајте ги критиките на другите.

8-vazhni-zhivotni-odluki-za-koi-ne-treba-da-se-pravdate-i-chuvstvuvate-losho-08.jpg

Забрана да ви го допираат стомакот кога сте бремени

Многу луѓе си земаат слобода да ги допираат стомаците на бремените жени, не помислувајќи дека со ова навлегуваат во нивниот личен простор.

На повеќето жени сигурно не им се допаѓа ова и ако ви пречи и вам, не двоумете се дали да им кажете на луѓето да престанат.

Никој не смее да го допира вашето тело без ваша дозвола.

8-vazhni-zhivotni-odluki-za-koi-ne-treba-da-se-pravdate-i-chuvstvuvate-losho-09.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg