7 работи кои треба да ги носите во чанта - може да ве спасат во опасни ситуации
Конецот за заби е навистина корисен – со него можете да прицврстите преврска ако се повредите, да исечете храна, да ловите риба, па дури и да врзете некого за да си дадете време да избегате.
Некои секојдневни предмети можат да ви се најдат во навистина неочекувани ситуации. Без разлика дали ќе бидете нападнати, ќе се изгубите во природа или нешто друго, некои вакви предмети можат дури и да ви го спасат животот.
Кои се предметите што секогаш треба да ги имате во вашата чанта?
Празен паричник
Покрај паричникот што си го користите, добро би било во чантата да имате и еден „лажен“, односно празен.
Вo случај некој да ве нападне за да ве ограби, можете да му го фрлите празниот паричник и додека да го провери ќе имате време да избегате.
Проѕирно шише за вода
Ако се изгубите и ви треба вода, а не сте сигурно дали таа што ќе ја најдете е добра за пиење, можете да искористите проѕирно шише за да ја прочистите.
Таканаречената соларна дезинфекција е метод смислен во 1980-тите и наводно ја прочистува водата благодарение УВ зраците од Сонцето. Истражувањата покажале дека овој метод може да ги убие бактериите и вирусите во водата кои создаваат проблеми како дијареја.
Сè што треба да направите е да го наполните шишето со вода, малку протресете го и оставете го на сонце околу шест часа. Проблемот со овој метод е времето на чекање, но ако немате друга опција, добро е да го знаете.
Рачен часовник
Рачниот часовник може да ви помогне во самоодбрана, а со него можете да скршите и стакло ако има потреба од тоа.
Четка за коса со тајна преграда
Набавете поевтина пластична четка за коса и извадете го делот со запците. Ќе забележите дека таму има доволно простор за да скриете клучеви, поголема сума пари или нешто слично.
Ова може да биде особено корисно кога сте на патување и кога не е препорачливо сите пари да ги чувате во истиот паричник.
Конец за заби
Ако сте повредени, со конецот и парче облека можете да си направите преврска. Со конец за заби можете да исечете и помека храна, да пробате да ловите риба, па дури и да заврзете некого ако се најдете во неповолна ситуација.
Зип-кеси
Овие кеси можат да го заштитат вашиот смартфон од вода, така што ќе можете да побарате помош.
Батериска ламба
Батериската ламба може да ви се најде во многу ситуации – од движење на лошо осветлено место, до самоодбрана. Ако некој ве нападне на темно место, доволно е да му светнете со ламбата во очите за моментално да го заслепите и да имате можност да избегате.
Спирова С. | Црнобело