„Празниците се волшебни кога ги славиме заедно“ – Божиќната реклама на Coca-Cola за 2021 (видео)

Божиќната реклама на Coca-Cola ќе ви го стопли срцето и ќе ве потсети што е всушност најважно во празничната сезона – заедничките мигови и споделувањето на среќата со луѓето околу нас.

praznicite-se-volshebni-koga-gi-slavime-zaedno-coca-cola-so-najdobrata-bozhikjna-reklama-dosega-video-01.jpg

Coca-Cola лансира нова божиќна кампања чија цел е да нè потсети дека вистинската празнична магија настанува кога ги споделуваме убавите мигови со нашите сакани, но и сите луѓе околу нас.

Во склоп на кампањата, компанијата објави и кратко видео кое раскажува топла приказна за младо момче кое сака да ѝ ја разубави празничната сезона на осамена повозрасна жена која живее во неговата зграда.

Во краткиот филм, момчето почнува да прави оџак од картонски кутии за да може да ѝ даде подарок на жената, исто како Дедо Мраз. Набрзо, целата зграда се вклучува во реализацијата на идејата.

„Компанијата отсекогаш верувала во магијата на Божиќ и оваа година нашата кампања ја слави вистинската магија на човечката поврзаност.

Со едноставна и позитивна порака за единство, вклученост и позитивност, целта на кампањата е да нè потсети дека сè што ни треба за волшебен Божиќ се заедничките моменти со заедницата и нашите сакани“, велат од Coca-Cola за новата кампања.

Божиќната реклама за 2021 година:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Првиот Божиќ без баба и уште 9 емотивни празнични реклами на брендовите за 2024/25 Пребродување на првиот Божиќ без баба, Дејвид Бекам го претвори тажниот Снешко в...
Пораки за Божиќ со кои може да им го честитате празникот на блиските Ако барате божиќни честитки и пораки, со кои ќе им го честитате големиот празник...
Фото-компилација: Луѓе кои имале полош Божиќ од вас „Ме отпуштија од работа пред Божиќ“. Ако сте разочарани од вашиот Божиќ, фоткиве...
6 работи што ги сметаме за некултурни, но се знак за учтивост во други земји Знаевте ли дека во Индија, па и Турција, ждригањето на маса е добредојдено бидеј...
Строги правила што треба да ги следат гостите на Мет гала Телефоните се строго забранети, а гостите не смеат да ја одбијат поканата – во с...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg