Најинтелигентните историски личности – човештвото може да им се заблагодари за сè што е вредно денес

Се претпоставува дека Марија Кири имала коефициент на интелигенција помеѓу 180 и 200, а Никола Тесла помеѓу 160 и дури 310.

Najinteligentnite-lugje-koi-ziveele-dosega-01.jpg

Ќе бидете изненадени од бројките поврзани со нивото на интелигенција на некои од најголемите светски умови досега.

Либ Тимс, електрохемиски инженер, се впуштил во интересен потфат што го навело да развие иновативен метод за процена на интелигенција без употреба на тест за интелигенција. Резултатот е ранг-листа на најпаметните луѓе во историјата на човештвото.

Од чиста љубопитност, Тимс прво составил листа на луѓе кои постигнале над 200 поени на тестот за интелигенција. Потоа, врз основа на нивните афинитети, способности и достигнувања, оценил кој од нив е достоен за титулата гениј.

Сепак, листата не би била целосна доколку на неа не се најдат историските личности кои го променија човештвото. Бидејќи тестовите за интелигенција не постоеле во текот на нивниот живот, Тимс бил принуден да развие посебен метод за процена на нивната интелигенција.

Треба да се има на ум дека тестовите за интелигенција не се секогаш прецизни и дека методот на Тимс сè уште не е тестиран и научно препознаен, па оваа листа не треба да се зема „здраво за готово“. Сепак, сметаме дека неговите напори заслужуваат внимание.

Погледнете колкав коефициент на интелигенција имаат поединечни историски личности според Тимс:

Марија Кири, попозната како Мадам Кири, ја добила Нобеловата награда за физика во 1903 и за хемија во 1911 година за нејзиниот придонес во науката. Крунисана со две Нобелови награди, таа останува најпознатата жена научник на сите времиња.

Според истражувањето на Тимс, нејзиниот коефициент на интелигенција бил помеѓу 180 и 200. Марија Кири починала како резултат на изложеност на радиоактивно зрачење во 1934 година.

Najinteligentnite-lugje-koi-ziveele-dosega_1.jpg

Шекспир за време на неговиот живот бил почитуван поет и театарски писател. Романтичарите особено ја истакнале генијалноста на Шекспир, а викторијанците го славеле како идол. Од 20 век, делата на Шекспир постојано се прикажуваат во различни културни и политички контексти ширум светот.

Според Тимс, неговиот коефициент на интелигенција изнесувал околу 210.

Najinteligentnite-lugje-koi-ziveele-dosega (2).jpg

Исак Њутн бил англиски физичар, математичар, астроном, алхемичар и филозоф, кој денес за повеќето луѓе претставува еден од најистакнатите личности во научната историја.

Францускиот математичар Џозеф Луј Лагранж изјавил дека Њутн бил најголемиот гениј што живеел некогаш. Тимс проценува дека неговиот коефициент на интелигенција бил помеѓу 190 и 200.

Najinteligentnite-lugje-koi-ziveele-dosega (3).jpg

Леонардо да Винчи бил италијански ренесансен архитект, пронаоѓач, инженер, скулптор и сликар. Тој беше опишан како идеал на „ренесансниот човек“ и како универзален гениј.

Најпознат по неговите ремек-дела, како „Тајната вечера“ и „Мона Лиза“, многу од неговите пронајдоци денес се користат во модерната технологија, иако во неговото време голем дел не биле применети, ниту препознаени.

Според истражувањето на Тимс, неговиот коефициент на интелигенција бил помеѓу 180 и 220.

Najinteligentnite-lugje-koi-ziveele-dosega (4).jpg

Никола Тесла бил еден од најпознатите српски и светски пронаоѓачи и научници од областа на физиката, електротехниката и радиотехниката. Тој е првиот Србин кој бил номиниран за Нобелова награда во 1937 година и ја одбил.

По него е именувана меѓународна единица мерка, т.е. единица мерка за магнетна индукција, Тесла. Починал на 87 години, сиромашен и заборавен до сите.

Тимс процени дека коефициентот на интелигенција на српскиот гениј можел да биде во опсег од 160 до максимум 310.

Najinteligentnite-lugje-koi-ziveele-dosega (5).jpg

Алберт Ајнштајн бил теоретски физичар, еден од најголемите умови и најважните фигури во историјата на светот.

Ајнштајн ја формулирал специјалната и општата теорија на релативноста со која направил револуција во модерната физика. Иако е најпознат по теоријата на релативноста, Нобеловата награда за физика му била доделена во 1921 година за објаснување на фотоелектричниот ефект, како и за придонесот во развојот на теоретската физика.

Неговото име „Ајнштајн“ е синоним за човек со висока интелигенција или гениј. Тимс проценува дека коефициентот на интелигенција на Ајнштајн бил помеѓу 205 и 225.

Najinteligentnite-lugje-koi-ziveele-dosega (6).jpg

Никола Коперник бил полски астроном, математичар, правник, лекар и економист, првиот научник кој формулирал хелиоцентричен модел на вселенските тела.

Врз основа на неговите набљудувања и резултатите до кои дошол, тој го напишал делото „За ротацијата на небесните тела“ во 6 книги, објавено во 1543 година, непосредно пред неговата смрт. Ова дело претставувало пресвртница во астрономијата и ги поттикнало капиталните откритија на Кеплер и Њутн.

Неговиот коефициент на интелигенција, според Тимс, бил помеѓу 160 и 200.

Najinteligentnite-lugje-koi-ziveele-dosega (7).jpg

Јохан Волфганг Гете бил германски писател, политичар, поет, научник и филозоф. Гете бил една од најважните фигури во германската литература кон крајот на 18 и почетокот на 19 век.

Авторот на „Фауст“ и „Теорија на боите“ го раширил своето влијание низ Европа, а во текот на следниот век неговите дела биле инспирација за многу музички и драмски дела. Неговиот коефициент на интелигенција според Тимс бил помеѓу 210 и 225.

Najinteligentnite-lugje-koi-ziveele-dosega (8).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Дете кое исчезнало од училиштен двор и уште 3 нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Хедер Тиг била грабната од плажа покрај река во САД, но и покрај очевидецот, до ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg