Наука за привлечноста: 7 карактеристики на лицето што нè прават атрактивни

Симетријата на нашето лице нè прави привлечни во очите на другите, но, за некои луѓе, многу попривлечни се асиметричните црти на лицето.

nauka-za-privlechnosta-7-karakteristiki-na-liceto-shto-ne-pravat-primamlivi-01.jpg

Привлечноста е навистина чуден, а од друга страна восхитувачки феномен, зарем не?

Навистина е тешко да се утврди зошто некој е привлечен за некого, но сепак, постојат неколку физички карактеристики на лицето кои според научниците се „најубави“ за повеќето луѓе.

Се разбира, физичкиот изглед не е воопшто пресуден, но може да биде важен во почетната привлечност. Повеќето истражувања сугерираат дека партнерите се избираат врз основа на слични физички, но и ментални карактеристики.

Во продолжение за вас ги издвоивме карактеристиките на лицето кои нè прават попривлечни:

Симетрија

Симетричноста е еднаква на идеалноста или совршеноста, а она што е совршено, неретко ни е убаво. Всушност, оние со посиметрично лице речиси секогаш се окарактеризирани како поубави.

Nauka-za-privlechnosta-7-karakteristiki-na-liceto-shto-ne-pravat-primamlivi 02 630x330.jpg

Асиметрија

Од друга страна, во некои случаи апсолутната симетрија им се чини чудна на луѓето - така што некои карактеристики на лицето, како што е искривената насмевка, за некој би биле многу попривлечни отколку совршеното, симетрично лице.

Nauka-za-privlechnosta-7-karakteristiki-na-liceto-shto-ne-pravat-primamlivi 03 630x330.jpg

Просечност

Луѓето имаат тенденција да ги привлекуваат луѓе кои имаат просечен лик, таков кој „не се издвојува“ од толпата, во согласност со околината во која живее.

Nauka-za-privlechnosta-7-karakteristiki-na-liceto-shto-ne-pravat-primamlivi 04 630x330.jpg

Брада

Ќе се согласиме: Брадата кај мажите има ист ефект како шминката кај жените.

Па така, не е ни чудно што мажите со силна и густа брада се многу попривлечни за жените отколку оние кои ја немаат или имаат малку влакна на лицето. Секако, како и за сè - и овде постојат исклучоци.

Nauka-za-privlechnosta-7-karakteristiki-na-liceto-shto-ne-pravat-primamlivi 05 630x330.jpg

Лузни 

Во една британска анкета спроведена од страна на ИТВ е откриено дека мажите со лузна на лицето се попривлечни, додека кај понежниот пол се случува спротивното - жените со лузна на лицето се карактеризираат како помалку привлечни.

Nauka-za-privlechnosta-7-karakteristiki-na-liceto-shto-ne-pravat-primamlivi 06 630x330.jpg

„Ефект на Џорџ Клуни“

Интересен термин, зарем не?! Вистината лежи во тоа што жените навистина „паѓаат“ на постари мажи, кои освен визуелниот (педантен) изглед - со себе носат искуство.

Nauka-za-privlechnosta-7-karakteristiki-na-liceto-shto-ne-pravat-primamlivi 07 630x400.jpg

Едноставност

Доколку се земат предвид сите светски анкети и истражувања во последните неколку децении, колку и да звучи неверојатно, сепак - мажите претпочитаат жени кои имаат поедноставно лице и карактеристични црти како поголем нос, поостри веѓи или поголеми очи.

Nauka-za-privlechnosta-7-karakteristiki-na-liceto-shto-ne-pravat-primamlivi 08 630x400.jpg

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жените откриваат кои работи за мажите всушност не ги знаеле Ако прашате маж за што размислува и тој ви каже „За ништо“, верувајте му – тој н...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
Фрази кои ги користат мажите кога не сакаат да признаат дека грешат Мажите кои не признаваат дека не се во право, многу често ќе правдаат ...
11 знаци дека сте наивна личност (карактеристиката број 7 ја имаат многу Македонци) Број 1: Имате преголема доверба во авторитетите – и сè што ќе ви кажат го правит...
Примери за подвоени стандарди меѓу мажите и жените што (за жал) сè уште се прифатени, низ илустрации Во приказните, мажот што лета е „супермен“, а жената е „вештерка“. Кога тато ги ...
Пет работи кои им се забранети на жените во Северна Кореја Мажените жени имаат право само на една фризура и никаде не се продаваат влошки и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg