Одлична и креативна шега
Кога излегол од работа, директорот на паркот "Legolend" на паркингот наместо својот автомобил, затекнал играчка. Питер Ронкети од Калифорнија...
...кога сакал да си замине дома наместо своето Волво наишол на ист таков, но направен од 200.000 лего коцки.
Оваа шега ја смислил неговиот колега кој скришно му ги зел клучевите и го поместил неговиот автомобил од паркингот, а лего волвото било довдено со виљушкар.
Кога забележал дека се шегуваат со него, директорот решил да ја возврати шегата, знаејќи дека колегите го гледаат од некаде, па се правел дека безуспешно се обидува да го отклучи автомобилот.
Во паркот на Леголенг имаме забавен, креативен тим и ова е навистина одлична шега. Сепак, никогаш повеќе нема да ги вадам клучевите од автомобилот од мојот џеб – изјавил Ронкети.