Смешен водич од 1940-тата година за правилно бакнување - што било пристојно, а што не?
„Партнерите може да изгледаат премногу детски доколку растојанието меѓу нив е преголемо“ – се вели во прирачникот од 1940-тата за правилно бакнување.
Денес се чини дека луѓето се мошне поотворени кога станува збор за разговорите за сексот и интимните односи, така што од денешна перспектива интересно е тоа што во 1940-тата година магазинот „Life“ направил илустрирано упатство за тоа како треба да изгледа совршениот бакнеж.
Мора да се напомене дека овој водич требало да им послужи на актерите од тоа време и во него се опфатени неколку клучни елементи од романтичните активности како што се - бакнување на фотелја или кое е совршеното растојание што треба да биде меѓу партнерите.
Погледнете како изгледало тоа:
Партнерите може да изгледаат премногу детски доколку растојанието меѓу нив е преголемо.
Момчето и девојката треба да стојат блиску еден до друг и цврсто да се држат.
Не легнувајте на фотелјата затоа што нема да изгледате пристојно.
Девојката треба да се потпре на работ од фотелјата, а момчето да ја држи силно, но нежно.
Б. С. Б. | Црнобело