Вака се чува маче...
Мачето Мог обожава базени, а на часови по пливање оди во Корнвол на југот на Aнглија. Приказната за жал има тажен почеток затоа што Мог по...
...преживеаната несреќа не може да оди на сите четири ноџиња.
Несреќата се случила кога имал само една година, а наредните шест недели се борел за својот живот. Локалниот ветеринар ги советувал сопствениците да го пратат на пливање кое би можело да му помогне.
Од тогаш мачето е навистина посреќно. „Забавно е да го гледате. Веќе кружи низ целиот базен“ – вели сопственичката Вероника Ашворт која за еден час плаќа 30 фунти. Мог плива во базен долг 3,96 метри и длабок 0,91 метар.
Хидротерапијата е добра за мачето затоа што го зајакнува срцето и градите и му помага да не се дебелее затоа што сè уште не може да се движи нормално.