Кадифена кожа, бујна коса и негуван стил - 7 тајни на Арапките за нивната несекојдневна убавина

Познати по својата бајковита убавина, карактеристични по негуваниот стил, Арапките се жени кои ја кријат тајната на „краснотијата“.

Кadifena-kozha-bujna-kosa-i-neguvan-stil-7-tajni-na-Arapkite-za-nivnata-nesekojdnevna-ubavina 01 630x330.jpg

Дел од нив ја покриваат косата, дури и лицето, но како и да е, неоспорен е фактот дека арапските жени се едни од најубавите во светот.

Кадифена кожа, долги трепки, бујна коса и заводливи мириси - сè што користат е природно.

Во продолжение за вас ги откриваме тајните на Арапките во врска со нивната нега:

Грижа за коса

Тајната на густата и сјајна коса на арапските убавици е во темелната нега само со природни состојки. 

Пред миење на косата, многу арапски жени го третираат скалпот со кефир или кисело млеко. Ферментираните млечни производи брзо ја обновуваат структурата на косата, правејќи ја мазна и сјајна.

Кadifena-kozha-bujna-kosa-i-neguvan-stil-7-tajni-na-Arapkite-za-nivnata-nesekojdnevna-ubavina 02 630x446.jpg

Бојадисување на косата

Најчесто претпочитаат природна кана. За среќа, лисјата од кои се подготвува истата растат во изобилство во источните земји.

И, ако додадете басма (друга природна боја) на каната, бојата на косата ќе стане длабоко црна. Исто така, безбојната кана е совршена како маска за зајакнување на косата.

Кadifena-kozha-bujna-kosa-i-neguvan-stil-7-tajni-na-Arapkite-za-nivnata-nesekojdnevna-ubavina 03 630x417.jpg

Црни очи

Очите обично се истакнуваат користејќи антимон како шминка. Покрај украсните својства, антимонот совршено ги зајакнува веѓите и трепките и ја прави бојата на косата посветла.

Денес, антимонот е достапен во многу козметички брендови, во улога на моливче за очи и во природен прав.

Кadifena-kozha-bujna-kosa-i-neguvan-stil-7-tajni-na-Arapkite-za-nivnata-nesekojdnevna-ubavina 04 630x354.jpg

Веѓи и трепки

На исток, густите веѓи и бескрајно долгите трепки се сметаат за стандард на убавина.

Арапските убавици користат природно масло за да ги стимулираат веѓите и трепките, што резултира со забрзување на нивниот раст.

Кadifena-kozha-bujna-kosa-i-neguvan-stil-7-tajni-na-Arapkite-za-nivnata-nesekojdnevna-ubavina 05 630x419.jpg

Грижа за лицето

За чистење на кожата на лицето, ориенталните убавици користат природен тоник - вода од роза.

Денес, овој производ е достапен за секого, има смирувачки ефект и ги ублажува воспалението и црвенилото на кожата.

Тие користат сок од лимон како природна маска за сјај и детоксикација на кожата на лицето, а помеката страна на кората од лимонот може да се искористи како совршен пилинг.

Кadifena-kozha-bujna-kosa-i-neguvan-stil-7-tajni-na-Arapkite-za-nivnata-nesekojdnevna-ubavina 06 630x634.jpg

Најпопуларната состојка во домашните маски е куркумата.

Доколку сакате да ја направите сами:

- Измешајте 3 лажички брашно, малку куркума, 2 лажици розова вода и иста количина млеко.

- Нанесете ја добиената смеса на лицето, држете 20 минути и исплакнете со топла вода.

Кadifena-kozha-bujna-kosa-i-neguvan-stil-7-tajni-na-Arapkite-za-nivnata-nesekojdnevna-ubavina 09 630x331.jpg

Грижа за телото

Турските бањи и амами, покрај тоа што одлично влијаат на убавината на кожата, се одлични и за здравјето. Во топли бањи и под пареа, порите се отвораат и кожата се чисти. 

Најпопуларниот пилинг за тело на Арапките е талог од кафе, кој можете да го измешате со гел за туширање.

Кadifena-kozha-bujna-kosa-i-neguvan-stil-7-tajni-na-Arapkite-za-nivnata-nesekojdnevna-ubavina 07 630x494.jpg

Парфеми

Веројатно ќе се изненадите: дури и најбогатите арапски жени сè уште преферираат природни мириси направени од традиционални, ориентални етерични масла.

Омилени состојки се мошус, сандалово дрво, ванила, јасмин и роза. Природните парфеми се прават исклучиво врз основа на масло без употреба на алкохол, така што мирисите се трајни и нежни за кожата.

Кadifena-kozha-bujna-kosa-i-neguvan-stil-7-tajni-na-Arapkite-za-nivnata-nesekojdnevna-ubavina 08 630x420.jpg

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Коса што расте во две бои и уште 12 уникатни карактеристики на луѓето кои се истакнуваат од толпата „Одеднаш, мојата лева веѓа почна да станува бела“, „Ќерка ми е родена со две раз...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
„Мајката криеше дека детето има вошки“ - Фризери споделуваат приказни за најлошите клиенти „Пред многу време, морав да му ја измијам и скратувам косата на тинејџер кој се ...
Маки со косата што им се познати на сите жени, низ илустрации Чистењето на одводот по туширање е неизбежно за жените со долга коса, а оние со ...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
Фрази кои ги користат мажите кога не сакаат да признаат дека грешат Мажите кои не признаваат дека не се во право, многу често ќе правдаат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg