„Ако ти требаат пари, родителите се тука“ - Што правевме на 16 години, а не го правиме на 35 години?
Се сеќавате ли на периодот кога имавте 16 години? Колку ви се чинеше животот тежок? Мора да станеш за во училиште... Симпатијата не те забележува. Родителите не ти дозволуваат да останеш до подоцна на излегување. Мора да се облечеш соодветно за да не ти се налутат другарките...
Годините поминуваат и додека да се свртиш си наполнил 35 години и си помислуваш: Камо да имав сега 16 години, ама да го имав овој памет...
Настрана од верувањата што општеството ни ги наметнува како такви, во смисла дека возрасните луѓе треба да се облекуваат соодветно или дека треба да се однесуваат на одреден начин во согласност со годините, сепак има некои работи што сме ги правеле на 16 години, но не ги правиме на 35 без разлика на тоа каков живот живееме.
Без разлика дали сте формирале семејство или сте сами, сепак растете и созревате, а кога ќе помислите на нештата што сте ги правеле на 16 години се насмевнувате и се сеќавате.
Што правевме на 16, а со текот на годините го отфрламе:
1. На 16 години беше нормално да останеме будни цела ноќ, а потоа да одиме во училиште...
Kолку старееме толку повеќе сфаќаме колку е важен одморот за да функционираме нормално.
2. На 16 години беше нормално да се споредуваме себеси со другите: со славните на телевизија, со другарките, со популарните деца во училиште...
До 35-тата година во животот веќе стануваме свесни за сопствените вредности како личност, па сè помалку имаме потреба да се споредуваме со другите.
3. На 16 години е нормално да прифаќаме работи со кои што не се сложуваме само за да бидеме прифатени во друштвото.
Сега на 35 се прашуваме дали повторно би бегале од часови затоа што сите бегаат. Дали би ја носеле истата облека затоа што сите ја носат, иако не се чувствуваме удобно во неа?
4. На 16 години најважно е постојано да сте во друштво, никој не сака да биде сам, а најважно е постојано да сте со друштвото каде и да одиш.
На 35 сфаќаш дека миговите што можеш да ги поминеш сам и во тишина се бесценети (особено ако имате мали деца и семејство), а наместо голем број другари учиш дека е подобро да се потпреш само на оние што се вистински пријатели и другари.
5. На 16 години можеби е нормално упорно да се обидуваме да го привлечеме вниманието на некој што не нè забележува...
Како старееме сфаќаме дека треба да ги цениме луѓето на поинаков начин и дека не е секогаш сè во убавата насмевка и убавиот изглед.
6. На 16 години лесно е да го занемарите семејниот ручек, па да јадете само брза храна без грижа на совест.
Како поминуваат годините, стануваме сè позагрижени за сопственото здравје и за изгледот, па така стануваме свесни дека исхраната не може да се состои само од брза храна.
7. На 16 години е најлесно да се затворите во себеси за сè што ве измачува.
Со текот на годините сфаќаме дека проблемите полесно се решаваат кога ќе ги споделите со некого и кога ќе разговарате.
8. На 16 години е нормално да се прикажувате себеси во различно светло само за да им се допаднете на другите.
Како старееме сфаќаме дека нема потреба да се менуваш, дека тие што навистина ве ценат ќе ве сакаат такви какви што сте.
9. На 16 е нормално да ги отфрлате родителите и да мислите дека имате цела вечност со нив.
Колку повеќе стареете сфаќате дека секој миг поминат со нив е позајмен и бесценет.
10. На 16 е нормално да не размислувате колку пари сте потрошилe во месецот. Родителите се тука, ќе ни обезбедат сè што ни треба.
Како стареете и почнувате сами да заработувате, учите да ги цените и парите и трудот што сте го вложиле за да ги заработите.
Б. С. Б. | Црнобело
Фото: pixabay.com/ depositphotos.com