6 модерни опсесии
Не е тајна дека зависностите ги прават ѕвездите интересни, но денес постојат поинакви модерни зависности кои стануваат дел од секојдневието на обичните луѓе.
Ова се 7 опсесии на современите млади луѓе:
1. Интернет зависност. Порнографија, социјални мрежи, блогови... Денес најголема забава за децата е дремење пред компјутер. Маусот ја замени жмурката. Жално, но така е. И којзнае што уште не чека.
2. Зависност од секс. Освен што е одличен изговор за неверство, ова е навистина првото нешто кое им паѓа на памет на модерните тинејџери.
3. Опседнатост со телевизија. Според најновите истражувања просечно семејство поминува 4 часа пред телевизор дневно. Уф, пресметајте колку време губите заковани за оваа ѓаволска направа.
4. Зависност од шопинг. Ова посебно важи за жените кои заработуваат, па и за оние кои се гребат од домашните. Демек – ако е тажна, ќе си купи нешто и ќе и се разубави денот. Ех, девојки постојат многу поголеми проблеми кои ниту еден шопинг на светот нема да ви ги реши. Тука се и метросексуалците кои не отскокнуваат од оваа навика.
5. Зависност од естетска хирургија. Полека, но сигурно, се шири и кај нас. Освестете се – вие ќе одите на секој 6 месеци на естетски корекции, а вашиот доктор ќе купува нов спортски автомобил секои 3 месеци.
6. Зависност од љубов. О, да, постои и ваква зависност. Ќе ја препознаете кога сите останати аспекти од животот ќе ви замрат.