Пари, неверство, оган и уште седум други соништа што не треба да ги занемарувате - Што сака да ви каже потсвеста?

Доколку постојано сонувате едни исти симболи, тоа може да укажува на она што е доминантно во вашата потсвест. Наследникот на Зигмунд Фројд, Карл Густав Јунг спровел низа проучувања за значењето на соништата во психоанализата на индивидуата и заклучил дека соодветното толкување на соништата отвора врата кон духовната потсвест.

pari-neverstvo-ogan-i-ushte-sedum-drugi-sonishta-shto-ne-treba-da-gi-zanemaruvate-shto-saka-da-vi-kazhe-postvesta-01.jpg

Според Јунг преку соништата потсвеста ви соопштува важни нешта и според него тие заземале мошне високо место во психоанализата. Од една страна соништата може да ви кажат што навистина се случува околу вас, а од друга страна пак тие се мошне важни и за развојот на личноста.

Со други зборови соништата се одраз на нашата потсвест, нивното толкување ни овозможува да ги декодираме сопствените мисли и потиснати емоции, а она што е доминантно во нашата потсвест се манифестира преку симболите што се повторуваат во нашите соништа.

Во продолжение погледнете го толкувањето на десет чести соништа:

Летање

Ако често сонувате дека летате, тоа значи дека морате да ги достигнете сопствените амбиции. Соништата за летањето укажуваат на преголемата слобода и поривот да го постигнете она што го посакувате.

pari-neverstvo-ogan-i-ushte-sedum-drugi-sonishta-shto-ne-treba-da-gi-zanemaruvate-shto-saka-da-vi-kazhe-postvesta-02.jpg

Деталното толкување за поимот летање може да најдете и во нашиот ОНЛАЈН СОНОВНИК.

Водопади

Водопадите во соништата обично се симбол што е поврзан со чистина и смиреност. Се смета дека соништата за водата се од огромно значење, затоа што водата ги мие старите работи и го пробива патот за нешто ново и големо.

pari-neverstvo-ogan-i-ushte-sedum-drugi-sonishta-shto-ne-treba-da-gi-zanemaruvate-shto-saka-da-vi-kazhe-postvesta-03.jpg

Деталното толкување за поимот водопади може да најдете и во нашиот ОНЛАЈН СОНОВНИК.

Заби

Некои соништа за забите означуваат стареење, а други пак се однесуваат на стресот и загриженоста што ја чувствувате.

pari-neverstvo-ogan-i-ushte-sedum-drugi-sonishta-shto-ne-treba-da-gi-zanemaruvate-shto-saka-da-vi-kazhe-postvesta-04.jpg

Деталното толкување за поимот заби може да најдете и во нашиот ОНЛАЈН СОНОВНИК.

Смрт

Ако сонувате смрт тоа најчесто симболизира крај на нешто. Но, во некои случаи соништата за смртта исто така може да значат дека саканата личност се обидува да се поврзе со вас.

pari-neverstvo-ogan-i-ushte-sedum-drugi-sonishta-shto-ne-treba-da-gi-zanemaruvate-shto-saka-da-vi-kazhe-postvesta-05.jpg

Деталното толкување за поимот смрт може да најдете и во нашиот ОНЛАЈН СОНОВНИК.

Бременост

Доколку сонувате дека сте бремени тоа значи дека пред вас е голем успех. Тоа е симбол на развој и на успеси.

pari-neverstvo-ogan-i-ushte-sedum-drugi-sonishta-shto-ne-treba-da-gi-zanemaruvate-shto-saka-da-vi-kazhe-postvesta-06.jpg

Деталното толкување за поимот бременост може да најдете и во нашиот ОНЛАЈН СОНОВНИК.

Уште 5 соништа на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Жените се грижат за парите, си го тетовираат лицето: Факти за племето Рабари од Индија Жените во ова племе го имаат главниот збор што се однесува до финасиите. Мажите ...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Тешкиот живот на мајката на Џеф Безос – Го родила на 16 години, немала пари Мајката на еден од најбогатите луѓе во светот имала исклучително тежок живот и с...
9 забавни илустрации кои покажуваат дека со стареењето гледаме поинаку на работите Конечно знаеме како да ги распределиме финансиите, избираме практични подароци, ...
10 фото-докази дека мажите и жените се навистина од различна планета „Му реков на сопругот да ми купи неколку штипки за коса додека е во маркет. Доби...
8 запросувања, Адел прекина концерт за да гледа трка: Интересни факти за ЛОИ во Париз (a немаат врск... Иако на прва ќе си помислите дека Новак Ѓоковиќ, Симон Бајлс (поради бројот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg