Неправдите со кои се соочуваат мажите во 21-иот век, низ илустрации
Мораат да заработуваат повеќе од партнерката, не смеат да пуштат солза пред некој друг и мора да се интересираат само за „машки“ работи - мажите се соочени со бројни неправди во модерното општество.
Иако живееме во 21-ви век и се убедуваме дека нашето општество е модерно, и мажите и жените денес се соочуваат со бројни неправди само поради нивниот пол.
За жал, луѓето сметаат дека имаат право да кажуваат што треба, а што не треба да прават мажите и жените. Проблемот е што неретко и двата пола се мета на критики, па дури и на говор на омраза, самo затоа што направиле нешто што „не е достојно“ за нивниот пол.
Па така, додека „задачата“ на секоја жена е да стане мајка и домаќинка, „задачата“ на мажот е да „биде маж“ и да не покажува никаква емоција, уште помалку да заплаче, во јавност.