Неправдите со кои се соочуваат мажите во 21-иот век, низ илустрации
Мораат да заработуваат повеќе од партнерката, не смеат да пуштат солза пред некој друг и мора да се интересираат само за „машки“ работи - мажите се соочени со бројни неправди во модерното општество.
Иако живееме во 21-ви век и се убедуваме дека нашето општество е модерно, и мажите и жените денес се соочуваат со бројни неправди само поради нивниот пол.
За жал, луѓето сметаат дека имаат право да кажуваат што треба, а што не треба да прават мажите и жените. Проблемот е што неретко и двата пола се мета на критики, па дури и на говор на омраза, самo затоа што направиле нешто што „не е достојно“ за нивниот пол.
Па така, додека „задачата“ на секоја жена е да стане мајка и домаќинка, „задачата“ на мажот е да „биде маж“ и да не покажува никаква емоција, уште помалку да заплаче, во јавност.
Кои се другите неправди со кои се соочуваат мажите во модерното општество?
Мажите не смеат да зборуваат за нивните проблеми
Некогаш за жените е прифатливо да не се подготвени за дете, но мажите мора секогаш да се подготвени да бидат татковци
Многу луѓе уште веруваат дека личната нега и грижата за изгледот се само за жени, па мажите кои се грижат за себе неретко се мета на потсмевање
Од мажите се очекува секогаш да го ослободат своето место кога се во јавен превоз, без разлика дали се преморени, ги болат нозете или што било друго
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





