6 едноставни трикови со кои ќе ги направите чевлите поудобни за носење
Влошките имаат голема моќ на впивање, а поради ова се одлични за спречување на непријатниот мирис во чевлите – тие ќе ја впијат потта од вашите стапала, па таа нема да заврши во чевлите и да предизвика лош мирис.
На сите ни се случило да си купиме пар нови чевли, но по првото облекување да сфатиме дека ни предизвикуваат болка, па дури и рани. За среќа, постојат многу трикови што ќе ви помогнат да ги направите чевлите поудобни, без разлика дали ве разрануваат, ви се соблекуваат или ви предизвикуваат болка.
Во продолжение погледнете дел од нив:
Ставете фластер на чевлите што ви прават рани
Ако имате чевли што ви прават рани на тетивата, тогаш ставете им фластер на задниот дел (како на фотографиите). Фластерот ќе го намали триењето помеѓу чевлите и кожата, а со тоа ќе го спречи разранувањето.
Влошки за спречување непријатни мириси
Бидејќи влошките имаат многу добра апсорбирачка моќ, можат да ви помогнат да ги пречите непријатните миризби од обувките.
Лошиот мирис во чевлите е предизвикан од потта и бактериите што се наоѓаат на нашите стапала. Кога во чевлите ќе ставите влошки, тие ќе ја впијат потта, па таа нема да заврши во нивната внатрешност.
Фластер за штикли што предизвикуваат болка
Штиклите изгледаат одлично, но сите жени знаат колку болни можат да бидат. Ако имате ваков проблем, едноставно залепете ги домалиот и средниот прст на ногата со фластер. Со овој трик ќе се намали притисокот на прстите, а со тоа и болката.
Купувајте влечки од природни материјали
Пластичните влечки се евтини и издржливи, но ако често ви создаваат рани, причината најверојатно е материјалот од којшто се изработени.
Ако имате ваков проблем, најдобро купувајте влечки чиј горен дел е изработен од природни материјали, како кожа.
Ако веќе имате пластични влечки од кои не сакате да се одделите, можете да го обложите горниот дел со ткаенина за да го намалите триењето со кожата, а со тоа и разранувањето.
Лак за коса за чевли што ви се соблекуваат
Ако имате чевли кои се носат без чорапи, а ви се соблекуваат додека одите, можете да употребите лак за коса. Откако ќе го нанесете лакот на стапалата, лизгањето ќе се намали, па чевлите нема да ви се соблекуваат.
Зачувајте ја формата на високите чизми со весник или картон
За вашите чизми да не ја изгубат формата, најдобро е внатре да им ставите весник или картон кој ќе им служи како потпора. На овој начин тие нема да се превиткуваат и ќе ја задржат оригиналната форма.
Спирова С. | Црнобело