„Банани во сос со пиперка“ - Жени ги споделуваат најбизарните работи кои ги јаделе во бременоста

Лубеница со сок од кисела краставичка

„Мајка ми сакала лубеница потопена во сок од кисела краставичка додека била бремена со мене, и сакала да потопува плескавици во сладолед кога била бремена со сестра ми. Ако оброкот немал солен и сладок спој, таа не сакала да јаде“.

Jadev-banani-potopeni-vo-sos-od-shpageti-odozgora-prekrieni-so-parchinja-crvena-piperka-Zheni-gi-spodeluvaat-najunikatnite-zhelbi-vo-bremenosta 03 630x279.jpg

Пиво

„Сѐ што сакав беше пиво. Се обидов дури и да пијам безалкохолни пијалаци со цел да ми се намали желбата, но не. Во 39-та недела од бременоста, месец август, во време на 50 степени целзиусови, јас и сопругот пиевме пиво додека вечеравме во нашиот омилен италијански ресторан. Келнерот се двоумеше дали да ми даде, но мислам дека мојот поглед во неговите очи му рече дека нема да побегне жив ако не ми го донесе. Сепак, мојата совест успеа да ја надвладее неконтролираната желба“.

Ананас во изобилство

„Толку многу копнеев за ананас, што количината што можев да ја изедам беше навистина луда. Се колнам дека имав желба да купам цел контејнер, не размислувајќи колку ќе ме чини истиот“.

Ладен помфрит од McDonald’s

Помфритот од McDonald’s го јадев во текот на целата бременост. Во еден момент сфатив дека компирчињата повеќе ми се допаѓаат откако ќе ги оставев целосно да се изладат“.

Jadev-banani-potopeni-vo-sos-od-shpageti-odozgora-prekrieni-so-parchinja-crvena-piperka-Zheni-gi-spodeluvaat-najunikatnite-zhelbi-vo-bremenosta 04 630x354.jpg

Јаболков оцет

„Секојдневно пиев јаболков оцет директно од шише. И да, изненадена сум што сѐ уште имам заби!“

Комбинација од соништата

„Јадев банани потопени во сос за шпагети, одозгора прекриени со парчиња црвена пиперка. Тоа се моите хормони.“

Можеби и вие би сакале да споделите некое ваше несекојдневно искуство?!

Мила М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10-те најлоши дадилки во историјата: Им биле доверени деца, а тие извршиле сурови убиства Бети Смити од САД имала само 20 години кога била прогласена за виновна за убиств...
Елен, сокол: Кое е вашето духовно животно според неделата во која сте родени? Елен - на луѓето им носите оптимизам, љубов, радост и среќа. Но, често заборават...
Тешкиот живот на мајката на Џеф Безос – Го родила на 16 години, немала пари Мајката на еден од најбогатите луѓе во светот имала исклучително тежок живот и с...
Инцест и блуд, убиства и криминал - Факти за семејството Борџија, едно од најизопачените во светот Ова семејство е синоним за злосторства, скандали и разврат - брат и сестра биле ...
Разводи, ненадејна смрт – Луѓе за кои милионската добивка на лотарија била клетва наместо благослов Маргарет Лори од Ирска освоила над 27 милиони евра на лотарија, но поради ова се...
„Решив да немам деца, а колега ме понижи пред сите поради тоа - Како се справив со него?“ „Почнав да плачам и реков: Не можам да имам деца. Жената со која разговарав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg