„Банани во сос со пиперка“ - Жени ги споделуваат најбизарните работи кои ги јаделе во бременоста
Мразевте пире од компири, но сега кога сте бремени го јадете дури и за појадок?!
Што е тоа што ги предизвикува овие чудни желби и пресврти?
Не е невообичаено бремените жени често да копнеат по некоја храна, па дури и за храна што порано ја мразеле.
Не им е туѓо да комбинираат некомпатибилни вкусови како што е слатко (сладолед) и кисело (краставица).
Некои од нив всушност чувствуваат желба за невообичаени, непрехранбени производи, како земја, глина, креда или хартија, што според експертите веројатно е знак за недостаток на хранливи материи во телото или пак хормонско влијание.
Значи, ако копнеете за некои „нејасни“ чуда за време на бременоста, разговарајте со вашиот лекар, но доколку копнеете по лубеница, задолжително уживајте.
Во продолжение за вас издвојуваме неколку изјави на жени и нивните несекојдневни желби во текот на бременоста:
Јадење цигари
„Значи, ова е прилично чудно. Сакав да џвакам отпушок од цигара. Не целата цигара, туку само почетниот дел. Никогаш не сум го направила тоа, фала му на Бога, но навистина сакав. Очигледно имав вид на „pke“ (желба за џвакање на хранливи материи) што произлегува од недостаток на железо. Решив да џвакам коцки мраз што беше многу побезбедно и помалку одвратно“.
Сладолед со говедско месо
„Во принцип никогаш не сум била голем месојад, но сѐ што сакав беше месо! Шпагети болоњезе, хамбургери (мојата канцеларија беше спроти улицата и луѓето зад шанкот однапред ми ја знаеја нарачката) и, можеби најчудно од сите - сакав сладолед од ванила со парчиња говедско месо одозгора. Излезе дека е чудно вкусна слатко-солена комбинација.“
Лубеница во неконтролирани количини
„Јадев само лубеница. Три цели лубеници неделно. Понекогаш, кога мојот сопруг беше на работа, одев во продавница и сама ги влечев до дома. За време на викендите го носев на пазар за да ги одбереме најдобрите. Кога се роди мојата ќерка, се обидов да ѝ дадам лубеница и таа ја направи најсмешната гримаса што постои“.
Експлозија од состојки
„Сакав да мешам сок од кисела краставичка со сок од јаболко. Беше навистина вкусно!“
Јаглехидрати и само јаглехидрати
„Можев да пијам само многу ладна вода. Имав гадење од сѐ друго. И јадев цело пакетче сланина во првиот триместар. Живеев на мешани бобинки, пржени јајца и чоколадо, а кога се породив, една недела јадев само сендвичи“.
Лимон и грејпфрут за појадок
„Кога бев бремена, особено во првиот триместар, имав луда желба за грејпфрут и лимон. Всушност, ги гризнував како парчиња портокал. Тогаш горчината не ме мачеше многу и стана дел од мојата рутина за појадок пред работа: грејпфрут, а потоа парчиња лимон. Иронијата е во тоа што моето сега шеснаесетгодишно дете не сака ни да ги помириса“.
Житарици за деца
„Јадев кутии и кутии житарици секоја вечер. Бев толку опседната, што колега ми купи житарици за Божиќ!“