Престанете да броите овци

7-nacini-da-prestanete-da-broite-ovci-povekjeНаправивте сè што можете и умеете – навечер не пиете кафе, спалната ви е затемнета, не гледате хорори и не правите попис на утрешните обврски.


Па зошто и понатаму се превртувате и будите?

Некои навики за кои никогаш не би се сетиле, го саботираат здравиот сон. Што да направите?

1. Попладневни навики. Кафе и чај пред спиење не се добри за сонот. Но, внимавајте што пиете и во попладневните часови. Прескокнете го кафето и после ручекот. Напијте се свежо цеден сок.

2. Внимавајте што вечерате. Тешки оброци не се за пред спиење. Ако сте имале неколку ноќи немирен сон, за вечера јадете интегрални тестенини со свеж зеленчук и пармезан. Ова е комбинација од триптофан, аминокиселина која создава серотонин – хормон на среќата и помага за спиење. Млеко со крекери или јогурт со житарки е исто така добра комбинација.

3. Напијте се вино претходно. Нека биде тоа најдоцна во 6 часот попладне, а не во 23.

7-nacini-da-prestanete-da-broite-ovci

4. Капење. Топлата купка не се прави точно пред спиење. Сè она што ја зголемува телесната температура, го отежнува спиењето, затоа што на телото му е потребно одредено време за да се олади до посакуваната температура.

5. Растегнување. Умерени вежби можат да помогнат за опуштање и намалена напнатост на мускулите. 10 минути лесни вежби неколку часа пред спиење се одлични за подобар и полесен сон.

6. Пригушени светла. Направете си совршена атмосфера уште пред да заминете во кревет. Подгответе го телото дека е време за спиење.

7. Мобилните телефони се забранети. Никако вибрации, изгасете го телефонот. Инвестирајте во старомоден будилник и подгответе се за будење без snooze.

Би можело да ве интересира:

Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...
Како ќе изгледаа ѕвездите на Bridgerton ако беа ликови од цртаните на Дизни? Bridgerton е серија лкоја ја обожаваат сите генерации. Сите актери се внимателно...
Страшни сцени од работните места на луѓе за кои не сме свесни (а тие ги доживуваат) Ако вас понекогаш ве плашат многуте обврски и крајни рокови на работното место, ...
Разводи, ненадејна смрт – Луѓе за кои милионската добивка на лотарија била клетва наместо благослов Маргарет Лори од Ирска освоила над 27 милиони евра на лотарија, но поради ова се...
10 фотографии од секојдневниот живот кои ќе ви го стопат срцето „Мојата прабаба, која има 103 години, се смее додека во раце ја држи ќерка ми“, ...
6 јога вежби кои ќе ви помогнат да заспиете (се прават на кревет) Јогата е одличен начин да се опуштите пред спиење, а уште подобро ако направите ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg