Стјуардеси откриваат: 7 работи што никогаш не треба да ги носите во авион
Можеби никогаш не сте размислувале на тоа, но изборот на облека игра голема улога за удобноста во авион.
Доколку не патувате често со авион, веројатно нема да земете многу работи предвид, а тоа може да ви предизвика нервоза и стрес на аеродром или во авион.
Според стјуардеси, но и искусни патници, треба секогаш да бидете подготвени за добар и удобен лет.
На што треба да внимавате за да не се соочите со проблеми и да имате пријатно патување?
Не носете тесна и кратка облека
Во авион ви е потребна облека која ќе ви овозможи нормална циркулација на крвта, во спротивно долгото патување во тесна облека може да ви направи проблеми.
Контактните леќи заменете ги со очила за време на летот
Воздухот во авион е различен од оној пред да полетате заради нивото на влажноста кога сте на голема висина, а сувиот воздух може да направи проблем со очите, посебно ако носите леќи.
Заборавете на високи потпетици во авион
Нека не ве лажат ѕвездите кои изгледаат гламурозно со високи потпетици во приватните авиони – најдобро е да бидете во удобни чевли доколку дојде до ситуација да треба да брзате кон авионот, но и да избегнете отекување на нозете во неудобни чевли за време на летот.
Носете слоевита облека заради температурни разлики
Во авион секогаш температурата е пониска, па ако надвор е 40 степени Целзиусови, тоа не значи дека е паметно да влезете разголени во авион – понесете нешто за наметнување.
Не носете комплексни и едноделни аутфити
Сигурно не сакате да се заглавите во клаустрофобичните тоалети додека се обидувате да соблечете и облечете комбинезон. Најдобро е да носите нешто што лесно ќе го соблечете.
Бидете умерени со дозата на парфем
Можеби вас ви се допаѓа мирисот, но за патниците во авионот може да биде претежок, посебно затоа што воздухот циркулира, а не може да се отвори прозор да се проветри. Некој дури може и да е алергичен на некоја мирисна нота од вашиот парфем.
Не носете облека која ви предизвикува иритација
Можеби за кратко време не ви прави проблем, но кога минувате повеќе од 1 час во авион, чешањето и иритацијата од проблематична облека не може да се избегне, а чувството нема да ви биде пријатно и ќе ви го уништи летот.
М. М. | Црнобело