Зошто повеќе нема памукче во шишенцата со апчиња?
Памукчињата почнале да се ставаат како би се спречило кршењето на апчињата во шишенцето, но веќе години наназад не се користат или пак многу ретко може да се најдат. Зошто?
Првите памукчиња почнале да се ставаат во апчињата на почетокот на 1900-те години, а Bayer биле првите кои ги користеле.
Ги направиле како би се спречило кршењето на таблетите. Претходно, се случувало луѓето да ја намалат или зголемат дозата, бидејќи пиеле скршени таблети.
Десетици години подоцна памукчињата престанаа да се користат поради напредокот на технологијата, која ги направи бескорисни.
Во 1999-та година самите пакувања на Bayer престанале да содржат памукчиња, меѓутоа други фармацевтски компании продолжиле да ги ставаат бидејќи се сметале за норма.
Потрошувачите очекувале да видат памукче кога ќе го отворат пакувањето, без да знаат дека истото е бескорисно. Па, бидејќи владеело мислењето дека памукчето ги одржува таблетите „свежи“ дел од произведувачите одбиле да ги отстранат.
Сепак, ентеричните премази на таблетите сега си ја вршат работата повеќе од добро и го спречуваат нивното кршење.
Па, таблетите во кои има памукче, ниту се посигурни, ниту се посвежи од сите останати.
М. Д. | Црнобело