Сентиментални фотографии ја преточуваат нераскинливата врска на постарите љубовни парови

Љубовта е најголемата мотивација, тема и инспирација на најубавите светски уметнички дела, но и главен двигател во секојдневниот живот.

Sentimentalni-fotografii-ja-pretochuvaat-neraskinlivata-vrska-na-postarite-ljubovni-parovi 01 630x330.jpg

Чувство кое го движи светот. Таа е една од најмоќните сили со кои се среќаваме. Сте размислиле ли, каков би бил животот без љубов воопшто?

„Гледајќи наназад на нашиот заеднички живот, сфаќам дека требаше да те сакам онака како што сакаше да бидеш сакан. Држејќи се за раце. Изненадувања без повод и причина. „Те сакам“ во лежерни разговори...Тогаш ништо од ова ми немаше смисла. Затоа те прашувам денес: „Те молам, ќе ми дадеш само уште еден живот?““

Горенаведениот извадок е таканаречен опис под една од фотографиите на двајца повозрасни брачни партнери.

За жал, никој од нас нема „џокер во рака“ и не може да го врати времето назад, ниту пак да започне нов живот.

Затоа, сакајте се, држете се за раце, љубете и смејте се безрезервно бидејќи животот трча маратон пократок отколку што мислиме. Оставете на срцето да зборува.

Во продолжение за вас издвоивме низа фотографии и цитати кои ја преточуваат нераскинливата врска на постарите љубовни парови:

„Кога ќе сфатите дека сакате да го поминете остатокот од вашиот живот со некого, сакате тој живот да започне што е можно побрзо“

Sentimentalni-fotografii-ja-pretochuvaat-neraskinlivata-vrska-na-postarite-ljubovni-parovi 02 630x400.jpg

„Два ума со единствена мисла, две срца што чукаат како едно“

Sentimentalni-fotografii-ja-pretochuvaat-neraskinlivata-vrska-na-postarite-ljubovni-parovi 03 630x400.jpg

„Љубов е да остареме заедно, но да останеме млади во душата“

Sentimentalni-fotografii-ja-pretochuvaat-neraskinlivata-vrska-na-postarite-ljubovni-parovi 04 630x400.jpg

„Успешниот брак бара повеќекратно заљубување, но секогаш во истата личност“

Sentimentalni-fotografii-ja-pretochuvaat-neraskinlivata-vrska-na-postarite-ljubovni-parovi 05 630x400.jpg

„Зрелата љубов е како остарено вино, со годините станува позадоволувачка, поосвежувачка и бесценета“

Sentimentalni-fotografii-ja-pretochuvaat-neraskinlivata-vrska-na-postarite-ljubovni-parovi 06 630x400.jpg

„Љубовта не е во наоѓањето на совршена личност, туку учење совршено да ја гледаме несовршената“

Sentimentalni-fotografii-ja-pretochuvaat-neraskinlivata-vrska-na-postarite-ljubovni-parovi 07 630x400.jpg

„Тајните на долготрајните врски: две лица кои секојдневно работат на својот однос, стојат цврсто, делат, сакаат и заедно ја гледаат иднината“

Sentimentalni-fotografii-ja-pretochuvaat-neraskinlivata-vrska-na-postarite-ljubovni-parovi 08 630x400.jpg

„Совршениот брак го сочинуваат двајца несовршени луѓе кои одбиваат да се откажат еден од друг“

Sentimentalni-fotografii-ja-pretochuvaat-neraskinlivata-vrska-na-postarite-ljubovni-parovi 09 630x400.jpg

„На крајот, нема да се сеќаваме на најубавото лице и тело. Ќе се сеќаваме на најубавото срце и душа“

Sentimentalni-fotografii-ja-pretochuvaat-neraskinlivata-vrska-na-postarite-ljubovni-parovi 10 630x400.jpg

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
10 фотографии од секојдневниот живот кои ќе ви го стопат срцето „Мојата прабаба, која има 103 години, се смее додека во раце ја држи ќерка ми“, ...
6 работи што им се познати само на силните и независни жени Никогаш не барате помош и генерално сакате да бидете сами бидејќи вистински ужив...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg