7 работи што ги прават гостите, а што ги иритираат најтрпеливите домаќини, низ илустрации
Некои луѓе си земаат преголема слобода кога се на гости – си проверуваат што има во фрижидерот, го критикуваат ентериерот, ги хранат милениците со сè и сешто…
Кога сте на гости, без разлика на колку долг период, морате да ги следите правилата на домаќинот, дури и ако станува збор за многу трпелива личност која не прави проблем за ништо.
На овој начин ќе покажете дека ја почитувате личноста, како и нејзиниот дом, и нема да создадете непотребни проблеми и нервози.
Па, кои се работите што најмногу ги иритираат домаќините, дури и оние најтрпеливите?
Кога гостите го критикуваат нивниот дом
Штом некој ве поканил во неговиот дом, без разлика дали на кратка дружба или на неколку денови, немојте да си давате слобода да го критикувате ентериерот. Можеби имате различни вкусови со домаќинот, можеби тој планира да реновира, можеби моментално нема можност да го уреди домот подобро…
И сепак, не живеете вие таму па да ви пречи тоа што тепихот е црвен или завесите стари.
Кога гостите проверуваат што има во фрижидер
На некои луѓе не им пречи да им разгледувате во фрижидерот и сами да се послужите. Но за да избегнете недоразбирања, немојте никогаш сами да го отворате фрижидерот.
Ако сте гладни, жедни или што било, кажете му на домаќинот и тој ќе ви даде што ви треба.
Кога гостите им даваат храна на милениците без дозвола
Можеби мислите дека една грицка нема да направи ништо, но многу видови храна што ги јадеме ние можат да им наштетат на животните. Покрај тоа, од каде знаете дали миленичето не е алергично на нешто?
Ако сакате да го нахраните миленичето, прашајте го домаќинот и подобро нека ви даде од неговата специјална храна отколку да ризикувате.