7 работи што ги прават гостите, а што ги иритираат најтрпеливите домаќини, низ илустрации
Кога гостите допираат музички инструменти без дозвола
Ако не свирите инструмент, тогаш веројатно не знаете дека музичките инструменти не се воопшто евтини. Можеби вие мислите дека нема ништо страшно во тоа да му ја скинете жицата од гитарата на домаќинот, но секој гитарист ќе ви каже колкав проблем е тоа.
Без разлика дали знаете или не знаете да свирите, никогаш не ги допирајте туѓите инструменти без дозвола.
Кога гостите им дозволуваат на своите деца да прават неред
На сите ни е јасно дека малите деца се непредвидливи и сигурно ќе направат некоја беља во домот. Но, кога станува збор за ваше дете обидете се да го контролирате што е можно повеќе кога сте на гости.
Ако детето сепак направи некаков неред, понудете вие да исчистите.
Кога гостите допираат и земаат работи без дозвола
Многу луѓе си ја ценат својата приватност и не сакаат кога другите им „душкаат“ по нивните работи. Само затоа што сте нечиј гостин не значи дека имате дозвола да си разгледате сè во домот без прашање.
Ако сакате да видите или пробате нешто, секогаш прашувајте го домаќинот дали може.
Кога сакаат сè да биде по нивно
Секој домаќин пробува да го направи престојот на гостите во неговиот дом што е можно поудобен, но сите имаат граници.
Кога сте во нечиј дом, покажете почит и слушајте ги правилата на домаќинот, без разлика дали ви се допаѓаат или не. Немојте да се жалите за тоа каде ви стојат чевлите, за милениците, за мирисот во домот или што било друго.
Спирова С. | Црнобело