Кога ќе ви покажат фотка – не скролајте низ галерија: Непишани правила кои треба да се почитуваат

Дали си гледате видеа на Јутуб на цел глас кога сте во ресторан или каде било во јавност? А, дали си земате слобода да разгледувате низ нечија галерија кога некој ќе ви покаже фотографија на неговиот телефон?

pochekajte-da-izlezat-drugite-pred-da-vlezete-vo-avtobus-nepishani-pravila-na-odnesuvanje-koi-site-treba-da-gi-pochituvame-01.jpg

Уште од најрана возраст родителите и наставниците нè учат како треба да се однесуваме во одредени ситуации. Скоро сите вакви правила само ни кажуваат дека треба да ги земеме предвид и да ги почитуваме другите, без разлика дали се пријатели, семејство или луѓе што не ги ни познаваме.

За жал многумина се однесуваат себично и скоро никогаш не помислуваат на другите. Со ова, пак, само предизвикуваат непотребни фрустрации и проблеми.

Постојат многу правила на однесување кои би требало да ни бидат јасни на сите и кои би било добро да ги следиме, а корисник на Редит започна дискусија во врска со нив. На форумџиите тој им го поставил прашањето:

„Кое е ’непишаното правило‘ за коешто верувате дека сите треба да го знаат и да го следат?“

Корисниците имаат огромен број коментари и сигурно ќе се согласите со нивните одговори:

„Ако ти покажам фотографија на мојот телефон, немој да почнеш да листаш низ галеријата“.

„Ако позајмиш нешто, врати го во истата состојба во којашто си го зел“.

„Пред да влезете во автобус, метро, лифт и слично, почекајте да излезат другите пред да влезете“.

pochekajte-da-izlezat-drugite-pred-da-vlezete-vo-avtobus-nepishani-pravila-na-odnesuvanje-koi-site-treba-da-gi-pochituvame-02.JPG

„Не гледајте видеа на најгласно на телефонот во ресторан. Не ми се верува дека луѓето не го почитуваат ова“.

„Оној кој ќе си легне последен, треба да ги исклучи сите светла во домот“.

„Само затоа што познавате некој што продава нешто или работи некаде, не значи дека имате право да му барате попуст“.

„Ако некој се согласи да ве однесе некаде со автомобил, треба да бидете готови и да го чекате пред врата. Неучтиво е тој да ве чека вам кога ви прави услуга“.

pochekajte-da-izlezat-drugite-pred-da-vlezete-vo-avtobus-nepishani-pravila-na-odnesuvanje-koi-site-treba-da-gi-pochituvame-03.JPG

„Ако некој носи слушалки, очигледно не е расположен за разговор, па оставете го на мир“.

„Кога сте на ескалатор, стојте на десната страна за луѓето на кои им се брза да можат да поминат од левата“.

„Враќајте ги теговите на место во теретана!“

pochekajte-da-izlezat-drugite-pred-da-vlezete-vo-avtobus-nepishani-pravila-na-odnesuvanje-koi-site-treba-da-gi-pochituvame-04.JPG

„Кога некој друг ја плаќа сметката, немојте да порачувате нешто најскапо, што не би го нарачале ако плаќате сами“.

„Кога купувате облека и се премислите за нешто, вратете го од местото од каде што сте го зеле. Немојте да го фрлате каде било – ова им ја отежнува работата на вработените, но и купувањето на потрошувачите“.

„Кога сте во супермаркет, однесувајте се како да се движите по автопат – одете од десната страна и оставете место да поминат другите“.

„Почитувајте го туѓиот личен простор (дури и кога нема пандемија)“.

pochekajte-da-izlezat-drugite-pred-da-vlezete-vo-avtobus-nepishani-pravila-na-odnesuvanje-koi-site-treba-da-gi-pochituvame-05.JPG

„Вратете ја количката за пазарење каде што ѝ е местото!“

„Не ги бомбардирајте луѓето со разговарање кога очигледно се чувствуваат изморено и нерасположено. Во тој момент имаат доволно проблеми без да се справуваат со вашите“.

„Само затоа што некој не може да ви удри бокс преку екран, не значи дека на интернет имате право да навредувате и да кажувате работи што би натерале некој да ви удри бокс“.

pochekajte-da-izlezat-drugite-pred-da-vlezete-vo-avtobus-nepishani-pravila-na-odnesuvanje-koi-site-treba-da-gi-pochituvame-06.JPG

„Не им ги допирајте стомаците на бремените жени! Што е тоа што ги тера луѓето да мислат дека имаат право да ѝ го допрат стомакот на бремена жена без да ја прашаат?“

„Ако позајмувате автомобил од пријател, вратете го со полн резервоар“.

Кое е вашето „непишано правило“ што сметате дека сите треба а го знаат и почитуваат?

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: Каков „сладок хаос“ е животот во брак со деца Кога децата спијат врз вас или јадете останки од храна како „романтична“ вечера ...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg