Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Здрава, силна и ведра – Значењето на името Вален(Тина)

Ова е женската форма од името Валентин. Оригиналната форма на името гласи Valentius, а името е со латинско потекло. Значење на името: од зборот valens, што значи здрав и силен, способен и ведар.

Znacenjeto-na-imeto-Valentina-01.jpg

Но, овие две имиња низ целиот свет се поврзува со љубов и романса. Веројатно веќе погодувате, поради католичкиот празник „Свети Валентин“ односно Денот на вљубените кој се прославува на 14 февруари.

Како заштитник на љубовта, младите и среќните бракови, Валентин и следствено женската варијација од името, неминовно се поврзуваат со романтична љубов и добар и успешен брак. 

кДамите кои го носат името Валентина се полни со љубов, убавина и романса, но и сила и здравје како што сугерира етимологијата. Најчестиот прекар од името Валентина е скратеното Тина.

Нумеролошкиот број на Валентина изнесува 8. Жените кои го носат ова име се многу палави уште од мали нозе. Тие се дружељубиви и пријателски настроени, имаат нескротлива енергија и не им е тешко да оформат долготрајни пријателства.

Сепак, малку тешко ги контролираат фрустрацијата и лутината. Склони се кон бес и лутина кога нешто не им оди онака како што очекуваат. Но, не постои сила која ќе ги натера да се премислат откако ќе решат нешто, што значи дека Валентина е упорна, истрајна и непоколеблива како личност.

Доколку имате Валентина која ви значи во животот, означете ја во коментар и посакајте ѝ убав викенд.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Коса што расте во две бои и уште 12 уникатни карактеристики на луѓето кои се истакнуваат од толпата „Одеднаш, мојата лева веѓа почна да станува бела“, „Ќерка ми е родена со две раз...
Десет имиња за бебиња со библиска симболика Душан - Потекнува од зборот „душа“, а луѓето кои го носат ова име слават именден...
Работи што можете да ги видите само во Мексико (фото) Леб без кора исечен ан парчиња, автомат за ранци, но и огромен избор на лути сос...
Два пропаднати брака, афера: Бурниот љубовен живот на Стивен Хокинг Стивен Хокинг не дозволил болеста да му претставува пречка во научната работа ни...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
11 фото-докази дека мажите може да бидат ужасни за соживот Oд јадење на питата од средина до хаос после нивниот кулинарски подвиг во кујнат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg