Како изгледав кога маж ми ме запозна vs. како изгледам денес (фото)
„Некогаш изгледавме како супермодели со совршена шминка и фризура, денес сме со вишок килограми и развлечена памучна маица затоа што се случија деца, обврски, нервози...“ се шегуваат жени на своја сметка.
Колку и да сакаме да останеме млади и фит засекогаш, се случува тоа да не биде опција кога на сцената ќе дојдат децата, работните и домашните обврски, можеби хормонските третмани поради проблем со забременување и што уште не.
Многу жени по години минати во брак изгледаат сосема поинаку од мигот кога го запознале својот сопруг. Сега, дел од нив одлучија да се пошегуваат на своја сметка и на ТикТок да се пожалат дека изгледале како супермодели пред на сцената да дојдат бебињата и јадењето за утеха од нервоза по несогласувања со сопругот.
Наместо совршена шминка и фризура и тонирано тело, тие денес имаат неуредна коса, стомаче и килограми плус.
Чувството дека се во безбедна врска полна љубов направило малку да го запуштат својот изглед. Се разбира, ова не е правило и многу жени успеваат да останат фит и средени и по многу години во брак.
Шеговитите споредби на жени како изгледале кога го запознале сопругот, а како денес:
Но, и мажите се во слична ситуација, прочитајте и „Како изгледаше дечко ми кога се фативме, а како изгледа по една година врска“
С. С. | Црнобело