„Како изгледаше дечко ми кога се фативме, а како изгледа по една година врска“
По извесен период во сериозна врска некои мажи како да престануваат да се грижат за својот изглед. Зошто се случува тоа? Девојка се пожали од партнерот на шеговит начин...
Многу мажи откако ќе стапат во сериозна врска или брак знаат малку да се запуштат, иако од ова непишано правило не отстапуваат ниту некои жени.
На ова ако се додаде изминатата година полна со карантини, затворени фитнес центри и страв од корона при одењето на фризер, тогаш резултатот може да биде запрепастувачки.
Така, една девојка, по име Холи, на ТикТок се пожали како изгледало нејзиното момче кога го запознала и стапиле во врска, а како изгледа сега по повеќе од една година заедно.
На почетокот тој е со стомачни мускули и уредно потстрижан, а сега изгледа многу позапуштено.
Таа се пошегува: „Ајде, само да кажеме дека му е комфорно“, мислејќи на тоа дека некои мажи едноставно не внимаваат толку на својот изглед откако стапуваат во сериозна врска.
Многу девојки ќе се пронајдат во „маките“ на Холи, но тоа секако не ја менува љубовта.
@hollymillstbe Let’s just say he’s comfortable ##fyp ##couples ##boyfriendcheck
♬ original sound - user937740088349
С. С. | Црнобело